Леонард Коен

Кој од оган, кој од вода

Некој од оган,
некој од вода.
Некој по виделина,
некој во квечерина.
Некој во судни маки,
некој во обична неволја.

Некој во твојот весел, весел месец мај,
некој со бавен крај.
И кого, кого да најавам?

Некој во нејзиниот осамен испад,
некој со апчиња.
Некој во овие царства на љубовта,
некој апла.

Некој во лавина,
некој со барут.
Некој поради својата алчност,
некој поради својата глад.
И кого, кого да најавам?

И некој со храбра согласност,
некој случајно,
некој осамено.
Некој во своето огледало,
некој по наредба на жена му.
Некој од своја рака,
некој во смртни пранги,
кој од моќта.
И кого, кого да најавам?

Леонард Коен

Инспирирано од хебрејскa молитва

26 мај 2014 - 19:05