Доли Партон пишува роман со Џејмс Патерсон

Книгата се вика „Трчај, Роуз, трчај“ и ќе биде објавена во март 2022. Истовремено, ќе излезе и албум со 12 нови песни, поврзани со романот.

Од славна музичарка, преку херојски спонзор на вакцината Модерна, сега романописец, Доли Партон изгледа е решена дека нема нешто што не може да го направи.

Нејзиниот дебитантски роман, кој ќе биде објавен од Пингвин Рендом Хаус следната година, се вика „Трчај, Роуз, трчај“. Станува збор за млада жена која се сели во Нешвил за да ги оствари своите музички соништа. Таа е напишана во соработка со Џејмс Патерсон а британското и американското издание ќе излезат на ист ден, на 7 март 2022.

Заедно со книгата Партон ќе издаде и истоимен албум, кој ќе се состои од 12 нови песни. Тие според авторката биле напишани врз основа на ликовите и ситуациите во книгата, а стиховите исто така ќе бидат содржани во романот.

„Беше чест и многу забавно да се работи со неповторливата Доли Партон“, изјавил Патерсон, кој има продадено повеќе од 300 милиони книги и соработувал и со други познати личности со писателски амбиции, како Бил Клинтон, за трилерот од 2018, „Претседателот е исчезнат“. Она што нему му било најинтересно е што читањето на романот ќе биде нагласено со слушање на албумот и обратно.

Иако фикцијата е нешто ново за Партон, таа има напишано неколку мемоари, а најновиот е под наслов „Раскажувачка на песни: мојот живот во стиховите“.

13 август 2021 - 15:01