Филмски акварел

Блејд Ранер со водени бои

Aкварел е сликарска техника која во случај на грешка не дозволува ретуширање или поправање. Особено е тешка ако со неа мислите да правите цел филм.

Едноставно мора да го погодите од прв пат, или да почнете од почеток. Токму затоа акварелите делуваат спонтани - дури и кога преку нив се претставени сцени од филм кој веројатно сте го гледале повеќе пати.

Андерс Рамсел досега има нацртано 3,285 слики од проектот Blade Runner: Aquarelle Edition, кој е еден вид анимирана парафраза на славниот филм на Ридли Скот од 1982. Ќе бидат потребни уште илјадници за да се заврши целиот филм, но посветеноста на Рамсел нема да ви изгледа толу луда откако ќе го погледнете клипчево. Блејд Ранер каков што никогаш не сте го виделе - како во сон. Звуците се позајмени од оригиналот.

19 јуни 2012 - 13:53