Бавчи › Емили - Станица Мода

Мостот на Тибар

Оне кои ме познаваат знаат дека романтиката не е мој спорт. Ако не и припаѓате на мојата категорија, пред да одите во Рим, Париз или Њуjорк понесете си катанец, за секој случај.

Голотија и склекови за непослушност

Девојчињата, бомбони. Беспрекорно исчешлани, невулгарно облечени, убави како што само едно дваесетгодишно девојче "вода и сапун" може да биде. Дечките полуголи и насмеани, парфемот и темнината ме опиваат, музиката не ми дозволува ниту да зборувам, а богами ниту да мислам. Одам на прв спрат. Па на втор, заборавам што да прашам, заборавам и зашто сум тука.

Плукни си!

На една колумна на Јана имаше коментар: "Ќенеф". Точка. Ќенеф зашто сабајлето си се искарал жустро со жена ти, во ходник си налетал на несимпатичниот колега, кафето не ти се погодило... па оди на социјални мрежи и плукај по што ти се нашло пред нос? Или? Зошто ќенеф?

Доктор по што?

"Папиро" ги содржи најболните, најсрамните и најдолните моменти: лоши сексуални преформанси, пијани забави, повраќања по вециња, пропаднати врски, препишување на испити, дрогирање после часови и сè останато што еден (примерен) студент го прави во текот на студирањето.

Секси тајм, Венеција 69

Може ли бидеме офф и да ја игнорираме модата и гламурозните ред карпет прошетки на тековново издание на филмскиот фестивал во Венеција?

Секако дека може.

Денес ќе зборуваме за женски задници.

Италијанецот по кошулата се познава

Едвај чекав да се тргнам од италијанските глупости, ама изгледа одбрав лоша дестинација за одмор. Инвазија од Италијани. Шит. А нив, драги мои читатели (а во случајов подраги читателки) ќе ги приметите и без да ви се обратат и без да ви кажат дека се викаат Лоренцо, Чезаре или Даниеле. Ќе ги препознаете уште оддалеку, по кошулата.

Пеесет нијанси

"Јас не водам љубов... јас ебам јако."

Претеравме, претеравме!

Ај сега замислете си мало едно мало кутре, тешко кило ипол облечено во мини фустанче со карнери или во маичка со костурче ала МекКвин, (и не морам ни да спомнам дека истите маички ги има и за газдите во човечка големина) со налакирани нокти и со златно ланче на коешто виси понекое привезоче во стилот на charmed by Tiffany и е намирисано со "Dog Parfume".

Ми остана желба за тебе

Не знам зoшто, ама сликите од Охрид постојано ми се мешаа со она што го гледав. И јас тврдам дека ако Трпејца беше на море, ќе бешe на Конерскиот брег.

Сите се заразија

Се кладам дека кога одите во Грција на еднодневен шопинг не пропуштате да отидете во Зара! И сигурно едвај чекате да се отвори и во Скопје!

Џеки Кенеди, Грејс Кели и Лејди Ди

Никогаш посебно не ми се допаднала Лејди Ди(ор). Џеки не би ја купила зашто не ми е соодветна со стилот. Ама за Биркин би му ја продала душата на ѓаволот.

А вас што ви менува?

А вас што ќе ви сменеше ако сега ви кажам дека кога од работа се враќам дома, наместо маж си имам девојка?

Ce продава!

Разголете нè, напрајте нè најдобри готвачки, супер мајки, насмеани домаќинки кои ги знаат сите тајни за чиста куќа, расоблечете нè и кога не е потребно, злоупотребете нè само за да продадете. И сфаќам дека тие работи доживуваат брилијантен успех. Мене одамна не ми се случило да видам реклама која не ги банализира жените.

A кај вас дома кој носи панталони?

Се уште сакам мажи со стомак и влакна. Со нечупани веѓи, кои не одат по солариуми три пати неделно и кои не мислат два саати што да облечат. И посебно ме нервираат оние кои јадат една салата и пијат вода за да не се здебелат. И мрчат дека не знаеме да готвиме. Како тие да знаат да го поправат лавабото кога тече.

Ме бакнува, ме лиже, ме грицка, ме штипка, ме боцка

Дојдете ми на залак сонце, на залак шпагети со јастог, на сприц аперол, на залак уметност, на залак насмевка, дојдете ми на јадење и на пиење, на залак доцна пролет, на чаша бело вино, на залак уживање. Строго на крајoт на мај.

Носи ме во аутлет, те молам

Ако сте како мене, малку сеирџии во душа и љубопитни без усул, сакате да видите концентрат на лоши продавници со лоша местоположба и најружни продавачки у свет, одете во некоe од новите аутлет "села".

Од дома, дома

Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.

Од каде си? Од исток.

Првиот пат мислев дека е комплимент. После се подзамислив. По некое време сфатив дека "Жена од исток" најчесто се употребува во негативна конотација. Се однесува на жени кои за нив се неписмени и невкусно облечени. Чистачки, бебиситерки, а кога се помлади, курви. А од помладите, Италијанките се мочаат од страв.

Во Париз на грав и колбаси

Кога ме прашуваат дали уживам повеќе во добра вечера co чаша вино или во (добар) секс, не знам што да кажам. Се смеам.

Кој е маж нека крене рака!

Идејата за италијанските мажи, што пред осум години ја понесов со себе во куфер, беше украдена од секаде: малку од модните списанија, малку од никобуџетните серии и филмови, малку од оние стари маалски приказни: висок, црномурест, со неправилен нос, со малку виткана коса, малку забраден, прекрасно облечен со сјајно бела насмевка, мајстор за жени, романтичен и беспрекорен. Денес оваа идеја остана само тоа - исечок од списание и сцена од филм, зашто типичните Италијанци се многу поинакви. И скраја да е да ти се погоди некој таков.

Иднината е Лого, по ѓаволите

Не познавам многу банални луѓе, за среќа. Не познавам никој кој би дал, 355 евра за USB, 16 евра за еден фластер или 69 долари за еден кондом.

Дежаву Венеција

Не е секој момент погоден за Венеција. На карневал е преполна, па немам храброст да одам. На есен, за време на филмскиот фестивал, е лажна и премногу наконтена. Биеналето ја прави преинтелектуална за мој вкус. Во лето ја избегавам заради влажноста, топлината и заради туристите кои ми го крадат воздухот. Oдам секоја пролет и секое заминување ме обзема невидена тага заради сè што имаат и заради сè што ние немаме и нема да имаме. Во неделата отидов за изложбата на Климт ( и на шопинг, нормално) и си ја потврдив големата способност да убијам секаква романтика и да си го уништам денот. Дури и во Венеција.

Кога страста се претвора во бизнис

Генерација '87: плава со плави очи, лице на ангел, доволно фотогенична за да ги засени и поубавите фотомодели, студира на Бокони, блогира, го шета светот, има кученце и дечко од миланската буржоазија. Мажите ја гледаат заради убавината, а жените (освен за да поднаучат нешто за мода) ја гледаaт за да му подзавидат на совршениот живот на совршената плавуша со совршен дечко. Ова е италијанскиот сон во ерата на Берлускони.

Демократски луксуз или маскиран low cost

Ако после празникот на жената се погодите во некоја европска метропола не заборавајте да тркнете до H&M. Таму ве чека Марни.