Што се случува кога ќе споите графички дизајнер, вајар и графички уметник, кои знаат што сакаат и како да го направат тоа? Резултатот е Творница – првата работилница од ваков тип во Македонија, во која занаетот е пречекан од уметноста, од што на крај излегуваат уметнички дела кои имаат и практична примена. Уште поконкретно, еден од резултатите е нешто што тие го нарекуваат модуларна столица - две дрвени рамки плус јаже. Моментално некој во Икеа плаче што ова не му паднало на памет.