Шала на страна, кој што сака нека каже, тешко на разведените родители што од кило месо свои деца , во ''човек'' треба да ги израсне. Тешко кога згора на сè, немаш работа, живееш со твоите, си се вратил таму каде што некој твојата соба со непотребштини после свадбата ти ја наполнил, од маса твојот тањир на полица прашњава го вратил, тешко кога не се решаваш на повторна шанса, затоа што свое дете тешко кај вториот избор се носи, тешко е кога живееш во страв од повторно фијаско, тешко кога општеството не ти дава ни да плачеш нит да се радуваш, тешко кога едноставно сфаќаш дека животот е сѐ, а најмалку заебанција.