таг: пропаганда

Сега и Џереми Корбин е руски колаборационист

Од обете страни во полн налет е пропагандната хистерија поврзана со зголемените тензии на релација НАТО - Русија. Ај тоа Русите, кај нив секогаш е џа или бу, ама што префинетиот и демек толерантен на различности Запад сè повеќе се потпира на комунистичката парола „ко другачије каже, тај клевече и лаже“?  Повеќе

Ако сакаш да го елиминираш, прогласи го за проруски
ЕУ и пропагандната војна:

Данска новинарка и колумнистка е последната што е ставена на црната листа на ЕУ и нејзиното пропагандно тело за борба против пропагандата на Русија, а кое не е многу различно од озлогласената макартиева комисија во САД, која бркаше вештерки со алиби дека се бори против комунистите.   Повеќе

Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Сред аферата со можната руска вмешаност во американските избори, Вашингтон Пост пушта многу посериозна вест: не само изборите, Русите успеале да ја хакираат цела електрична мрежа во САД! По сите параметри, вест која на угледниот медиум би можела да му донесе уште еден Пулицер. Само што, нема везе. Повеќе

Немоќта на европските медиуми пред руската "пропаганда"

Деполитизираното новинарство, на кое долго и одлучно инсистираше Европската унија, вградувајќи ја во своите темелни статути директната забрана за јавно финансирање на мнозинството медиуми, се покажа како неспособно да се одбрани пред новинарство какво што преферира да финансира рускиот претседател Владимир Путин. Повеќе

Никој не ми верува дека ништо не знаев
105-годишната секретарка на Гебелс:

Брунхилда Помсел работела во срцето на нацистичката пропагандна машинерија. Во интервју по премиерата на документарец за нејзиниот живот, таа тврди дека нејзиниот шеф, Гебелс, ни од далеку не бил чудовиште, а неговите вработени не знаеле за холокаустот. Повеќе

Како Асошиетед Прес соработуваше со нацистите

Асошиетед Прес е моќна и угледна новинска агенција со безброј блескави моменти во својата 170 годишна историја. Но, имаат тие и и свои потемни периоди од постоењето кога стандардите потклекнале под примамливоста на "ексклузивноста". Повеќе

Жена од кариера

Сафја Јасин се до апсењето е сериозна пропагандна машина на ИСИС во САД, пред да биде со нив таа е една од најпознатите блогерки кои ја објавуваа вистината за тоа како "кемтреилс" ги трујат Американците, а кариерата ја започна како мајка од Мисури кој блогираше против вакцините и како тие предизвикуваат аутизам. Повеќе

Американска психоза: Доаѓаат лудите Руси!

Вчудоневидувачки пример за тоа колку опасно Американците се погрешно информирани и водени од круговите кои деловно навиваат за војна односно зголемени воени буџети, на примерот на една статија од Њујорк Тајмс.  Повеќе

Како изгледа модерна пропагандна машина

Петар Померантсев на 24 години се наоѓа на состанок во Москва со 20-те најголеми медиумски директори во Русија, каде дискутираат за планот за вести за следната недела. Померантсев искуството го пишува во книгата "Ништо не е вистина и се' е возможно," која "опишува свет во кој законите се менуваат во момент по желба на моќните и каде телевизијата дава сеприсутна, забавна и емотивно набиена дисторзија на реалноста." Повеќе