Тали беше американски моден новинар, стилист, креативен директор и editor-at-large на Вог. Од 1983 до 1987 бил уредник на модните вести, па прв црнец-креативен директор од 1988 до 1995 и на крај, editor-at-large од 1998 до 2013. Препознатлив по своите кафтани и екстравагантни комбинации, редовно беше во прв ред на сите важни ревии како еден од претставниците на Вог.