Видео

Паркинзите во Шангај си ги бараат парите

Кина конечно го укина над 2-месечниот масовен карантин што го воведе во Шангај. Карантин кој никогаш не ни беше претпоставено дека ќе трае два месеца. Сега како што луѓе излегоа од дома, така почнаа да си ги вадат колите од платените паркинзи кај што беа оставени и така почнаа да ги удираат шлогови од цената за паркинг што треба да ја платат.

Мексиканските картели веќе не се ни кријат од американска полиција

Очекуваното е дека секој тешко вооружен криминалец со некаков си топ од пушка и калашников, ќе има доволно пристојност барем да изглуми дека и се плаши на полицијата и ќе го скрие својот арсенал кога се разминува со нејзе. Не бе, нема веќе таква пристојност.

Што беше курцшлусот на финалето на Лига на шампиони?

Официјалната верзија гласи: Ливерпул ги викна навивачите да дојдат дури и без карти, тие дојдоа, пробаа да влезат и настана хаос. Меѓутоа снимките од Париз не се баш само од навивачи на Ливерпул.

Интервју со невработен програмер почетник

Еден од најдражестите периоди во развојот на секој програмер, некаде меѓу главен во друштво за компјутери и првата плата за програмирање, и една од најискрените (и најамбициозни) негови форми пред да ја изгуби програмерската невиност.

За малку последната репортажа

Странски / локални новинари кои патуваат заедно со украински единици дремат на некој пат во некоја украинска недојдија. Најверојатно на камера ги фаќа некој руски дрон кој им ја пренесува позицијата на околните артилеријци. И една дилема од ова: дали е среќа да падне бомба на пет метри од тебе или несреќа да падне бомба на пет метри од тебе.

Некои Арапи налетаа на погрешни навивачи на Ливерпул

Во часовите пред и по дебаклот од организација на финалето на Лигата на шампионите, во Париз имаше улични инциденти меѓу дојдените навивачи на Ливерпул од преку каналот и арапско/северноафриканската мигрантска популација во Париз.

Зошто масовните убијци избираат АР-15?

АР-15 е цивилната верзија на американската М-16 и за несреќа е идентично квалитетна и разорна пушка. Зборувајќи за куршумите на АР-15 професорката од Универзитетот на Јужна Калифорнија Синтија Бур ќе каже „коските нема да се скршат туку ќе се распарчат. Органите нема да бидат само пробиени, туку делови од нив целосно уништени.“

Кога американски 13-годишник проба легално да купи оружје

Детето е дел од скриена репортажа за ХБО направена во 2014 после којзнае кој училишен масакр во САД. Малиот проба со својот преочигледно детски излгед да купи цигари, пиво, порно, лото ливче и пушка. Само на едно место не го вратија назад.

Највисоката фамилија на светот

Скот, Криси, Савана, Моли и Адам Трап просечно се високи 203.29 сантиметри (Адам е 221,7). Си ги кажуваат маките да најдат облека и бочно да се симнуваат по скали направени за мали стопала. И се грбават на кујна со стандардна висина, наместо да си направат прописна.

 

Оливер Стон за руската инвазија на Украина

Режисерот утна кога прогонозираше дека Русија нема да влезе во Украина но и сега смета дека војната ја посакувале Американците чија главна цел е да го срушат Путин и да донесат некој нов Елцин. За после да тргнат во клучниот судир, со Кина.

Во рововите на Украина

Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.

Урсула фон дер Логика

Мора да продолжиме да купуваме нафта од Русија бидејќи ако не купуваме ние, Русија ќе ја продаде таа нафта на други и така ќе дојде до нови пари. Со други зборови, никој друг не убедивме да не купува од Русија.

Сенаторот Бајден: Беси го!

Поо повод полициското претепувањето на Родни Кинг во далечната 1991 година, настан што беше повод за големи расни протести во цела земја кои се сметаат за зачеток на БЛМ, Џо Бајден, тогаш сенатор, се исчудува како тоа признание дадено под ќотек од полиција, не се смета за валидно на суд. „Море, беси го!“ ќе каже денешниот лидер на слободниот свет.

Зошто Русите со недели чекаа пред Азовстал

Азовстал не е железарница или челичарница, туку е „металуршки комбинат“ кој во себе вклучува неколку челичарници и железарници, плус железница и којзнае каква сè инфраструктура, и оваа монструозност се простира на над 11 километри квадратни или во наши мерни единици цел Центар и Чаир заедно (7,5 + 3,5 километри квадратни).

Најголемиот бран некогаш јавнат од човек

На 37 годишниот професионален сурфер приликата му се погаѓа во португалски води во октомври 2020 година. Биле потребни 18 месеци тоа да биде верифицирано од група научници и експерти од Гинисовата книга на рекорди и признато како највисок бран по кој човек досега сурфал. 26 метри. 

Шангај обраснат

Како дел од нула-ковид борбата 25-милионскиот Шангај е под целосен карантин од почетокот на април. Дозволен излез имаат само „клучните професии“, полиција, готвачи, медицинари и слично. Одржувачите на паркови не се меѓу клучните.

Снимка од еден зорт

Оклопно возило на украинската армија пред или за време на бараж на руската артилерија и авијација ги товари своите соборици раштркани околу патот и гледа да фати некоја ладовина под шума. Давај, давај, давај, давај...

Како малиот ја доби улогата во E.Т.

Аудиција за главната детска улога во филмот на Спилберг „E.T“, од 1981 година. На ред е Хенри Томас, тогаш 10 години (денес 50). Неговата аудиција не завршува со стандардното „Ќе им се јавиме на твоите родители да ви кажеме што сме решиле“ туку со „Добро е мали, ја имаш улогата.“ До толку е добар.

Украинците буквално бомбардирани со пропаганда

Тенковски гранати полнети со по 1.000 летки со детални упатства за предавање (и зошто да се предадат и како да се предадат) секој ден се испукуваат кон украинските позиции на фронтот во Луганск. За сега не се знае колку вршат работа.

Какви се тоа фолиранти

Генерално на политичари мислиме, особено овие инфлуенсериве. Еве го чика Бајден, му треба маска додека сам се симнува по авионски скали, ама затоа истата ја вади веднаш штом се сретне со луѓе да се поздравува и муабети. Логика.

Кај го напика тоа бе, дете?

Арон Краскал не може да се издоначуди, а богами ни ние. Една млада, тенка Азијатка, јаде некои огромни краставици, јаде дузина варени XXL јајца, срка една преполна здела супа со тоа нивното фиде. Што јаде, бута бре! Пазете го него колку е искрено фрапиран од оваа стварно неверојатна сцена.  

Се врти вашиот по женски?

Тоа вртење по некоја друга додека одиш со својата е една од оние ситуации по кои обично следува дрвење, пошто жени тоа непотребно го драматизираат а притоа покажуваат и верско непознавање (што је лепо и богу је драго). Кога за тоа ќе се пожалат на поискусни другарки, тие обично ги тешат: „Уште е млад бе, ќе му помине тоа“. Да, а?

Гледам во други а мислам на себе

Перфектна манифестација на моќта на потсвеста (особено кога е во колизија со дискредитирана свест), совршено материјализирана во изјава на еден американски претседател. Џорџ Дуплове реши да проговори за руската воена акција и „одлуката на еден човек да започне неправедна и брутална инвазија на“... погодете кого?

Стив Џобс за консултантите

На предавање пред полн амфитеатар на МИТ, Стив Џобс изваден од памет од мнозинството консултанти меѓу присутните порачува: Ако ги немаш лузните од грешките направени како сопственик на нешто, си научил само делче од тоа што има да се научи.