Видео

Камермани, неопеаните јунаци на документарците

Нетфликс пред некое време објави кратко видео за тоа како се снимаше исклучителниот документарен серијал „Империјата на шимпанзото“, кој како речиси ниеден документарец до сега ги фати најкрвничките борби меѓу шимпанза. Тоа што се заборава во гледањето на серијата е дека на неколку метри од шимпанзата, кои можат да распарчат човек во рок од неколку минути, има луѓе со камери кои стојат и снимаат.

Не е само операција да направиш, после треба и машко да бидеш

Жена осум години транзиционира во маж, и по толку време физичкиот дел главно го совладува со задоволителни резултати. Проблемот се јавува кога станува машко и светот, дури и добронамерниот дел од светот, почнува да го третира како што се третирани мажите.

Комшика што спие

Жителка на Минск се прави летва од алкохол и кој знае како пијанката ја завршува со заспивање на надворешниот праг од прозорците во станот... на 24 кат.

Не е само да се залепиш за асфалт

Блесавиот дел од еко-протестите со блокирање улици е што кога ќе се залепиш за асфалт твојата кожа стварно е залепена за асфалт, нема фејкање во тој дел, и тоа единствено се решава со чекан и со длето, по што те пуштаат дома да си одиш со грутка асфалт залепена на рака. Без да ја омаловажуваме нивната жртва, ама овие луѓе периодов нешто почнаа да избираат места под сенка за да се лепат.

Во Полска полиција спасуваше мигранти од локалци

Во комплекс базени во јужниот полски град Битом, мајка се жали на обезбедувањето дека група од четворица мажи непристојно се однесувале кон нејзините деца. Пред обезбедувањето и пред полицијата, први стигнуваат да реагираат останатите гости на комплексот, па целиот инцидент се завршува со специјалци, штитови и солзавец.

Во Памплона хаос

Традиционално спасот во трчањето со биковите е главниот стадион на кој пристигнуваат сите учесници, а по некое време и биковите. Годинава толпата направи до сега невидена блокада токму на влезот на стадионот. Тоа не им смени нешто многу на биковите.

И викаш користиш Сигнал и никој не може да ти чита пораки, а?

Истата апликација ја користи и Такер Карлсон со истите идеи на ум кога во најголема тајност сака да договори интервју со Путин.  По некое време преписки, Карлсон добива повик од „човек од Вашингтон“ кој му кажува дека НСА му влегла во Сигнал апликацијата и знае дека договара интервју. Важно е и тоа што случката е од пред војната, 2021 година, и се работи за постара верзија на апликацијата.

Кажи Русија, кажи Русија, кажи Русија

Портпаролот на Пентагон, најискрено, со сето свое битие сака да каже дека „војната е стратешки неуспех за Русија“. Ама не е тоа тек така. Сигурно психолози имаат нешто да заклучат од клипот.

Најди ја разликата

Кратко видео од два дипломатски настани. Во едниот руска функционерка се среќава со кинескиот владетел, во другата американската министерка за финансии, Јелен, се среќава со кинескиот колега Хе Лифен.

Сега на Франција и е ред да биде колонизирана

Ако Франција е растистичка, како што тврдат луѓето што деновиве ја палеа земјата, тогаш зошто уште луѓе емигрираат во Франција? Затоа што сега Франција е таа што треба да биде колонизирана, засекогаш.

Филмски разговори за педофилија

Со буџет од само 14 милиони долари, филмот „Sound of Freedom“ на благајните го потепа долгоочекуваниот продолжеток на „Индијана Џонс“ на Дизни (со буџет од 295 милиони долари!). Приказната е шокантна и, за жал, вистинита. Ви предлагаме од 31-ва минута да погледнете две минути, па ако не ве заинтересира, баталете. 

Роденден кој се памти цел живот

Во Бразил малолетници можат да бидат уапсени но после регистрирањето, биваат пуштени. Следи сцена во која во полициска станица му се слави роденден на еден млад кримос, со торта, со песна, со сè. Му го слават полицајците, само затоа што дента му е 18-ти роденден, што значи дека ќе можат да го задржат во апс. Славеникот не е нешто еуфоричен околу своето полнолетство.

Ви текнува дека цела фотосинтеза зависи од јаглерод диоксид?

Во три и нешто минути, Иан Плимер го демонтира оној напнат климатски алармизам и апокалиптичност поради кои треба наопачки да ја свртиме глобалната економија, начинот на кој живееме и секојдневните навики. Ама добро, човекот е само геолог. Кај може тој да со сето она знаење кое го поседува Грета Тунберг?

Вирални шашми за Франција

Како и со секоја слична дешавка, и нередите во Франција се супер прилика да се подметне нешто што нема врска со реалноста. Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. Она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

Најглупиот во Париз

Чул тој дека во цел оној париски хаос и безредија луѓе влегуваат во продавници и земаат што им душа сака, при што никој ниту ги спречува ниту ги гони, па решил и тој да се поднови во продавница за спортска опрема. Додуша, со намален избор на артикли и што е поважно, со ужасно лош тајминг.  

Сè што треба да знаете за „одбрана на вредностите“ во Украина

Додека возови им излетуваат од шини заради катастрофално запуштената инфраструктура, американските даночни обврзници се цедат за да му се пратат пари и оружје на Зеленски кој никогаш не е задоволен од темпото и обемот на помошта. Макс Блументал феноменално ја скицираше американската шема за Украина, една од најкорумпираните земји во Европа. 

Госпожо, Париз е, не е Бахмут или Могадишу

Сме виделе далеку помалку преплашени новинарки како се јавуваат од далеку пострашни конфликтни зони отколку што е центарот на Париз. Или можеби само преку монитор изгледа дека Париз и не е нешто посебно страшно. Новинарката од финската телевизија YLE известува во живо од главниот град на Франција.

Утрото по правдата се познава

Дуќанџии од Марсеј стигнуваат до своето тобако по уште една ноќ немири, пожари и пљачкосување низ нивниот град кои се водат под етикета на терање некакви правдини врз кои реално тие немаат никакво ни влијание, ниту пак тобакото е некојси симбол на француските колонијални злостори.

Видиш, да сме ти биле исти со Хрватска

Не е за  радување, нема тука многу нешто исто, освен начинот на кој нè работат (и нас и вас и нив) на иста фора - асфалт. На крај и они ништо не направиле, и ние ништо не сме добиле, а сите среќни, чиста магија.

Норвешка ајде малку повеќе мулти-култи

Некаков настан во Норвешка на кој се делат некакви си дипломи за којзнае какво достигнување. Еден од луѓето што добиваат диплома е дечко од исламска вероисповест кој прилично доследно ги следи учењата на Исламот, вклучително и делот дека нема што да допира друга жена, па макар тоа да било и ракување. Па да видиш ти навредена Норвежанка, па предавања, па укори.

Арна? Нуклеарна!

Сите што по интернет се јачаат те Путин да ја здроби Украина, те НАТО да ја здроби Украина (наместо човечки да им докурчи сето тоа па да кажат, дај бе нека седнат и нека се договорат), нека го погледнат ова кратко видео за најверојатното сценарио на ултимативната разрешница- да се спукаат со нуклеарки. Ама тоа не зависи од нас, обичните мали луѓе? Е па, ако не зависи, што онда толку навивање за здробување? 

Кога тато навреме ќе дојде

Двајца братчиња се закачаат, поточно помалото братче на шала пробува да го фати поголемиот брат одзади, да му направи зафат за давење. За среќа, сцената навреме ја здогледува нивниот татко, во вистинско време да му одржи поучна лекција на помалиот син. Сакате да ја видите таа татковска лекција?

Е, вака глупо изгледате од страна

Социјалните медиуми се хранат од нарцизам на едни и воајерство на други. Исцрпувачка е нивната лакомост, редовно да се храни „ѕверот“ и што почесто да се става нешто од себе за после да се проверуваат лајкови и шерови. Кога ќе видите некоја од тие гламурозни и исфилтрирани фотки, само помислете колку туфкање и местење требало и како тоа мора да изгледало пресмешно од страна.   

На Кинезите им дојде памет после лилјаците

Откако ја предизвикаа онаа глобална пиздарија со коронавирусот јадејќи сè и сешто (и ние некогаш да го браниме Фаучи), Кинезите се враќаат на некои побезбедни варијанти на исхрана. Сега јадат, поточно шмукаат камења. Зејтинче, лукче, пиперче, зачини по избор, сето тоа пропржено со „њоки“ од реката. Сега некои идиоти од Запад ќе помислат дека порцијата се јаде интегрално, па Кинезите пак криви.