Видео

Полни кофи уметност

За жал, не постои снимка од обелоденувањето на Давид на Микеланџело или пак од откривањето на Мона Лиза на Леонардо Да Винчи. За среќа, постојат снимки од модерната уметност, во случајов, од жанрот инсталации. Напнато, храбро, бескомпромисно, ама успешно! Се придружуваме кон аплаузот. Браво, маестро!

Што знае дете што е напред-назад

„Вагината на Сабрина стануваше влажна и топла а пенисот на Марко стана многу тврд. Марко го стави пенисот во вагината на Сабрина и го движеше напред-назад, што им беше убаво и на двајцата“.  ОК. Сме читале ние и појаки порно сцени, не е тоа проблемот. Како што му објаснија и на Куомо, проблемот е што цитатот е од книга за деца од 4 до 8 години (!) и што масовно ја има по школите.

Дупчињата во грчки Лидл

Порано некои наши кварни земјоделци од Грција купуваа некакви сомнителни прашоци кои се раствораа во вода па онда на патлиџани со сунѓерче им се накапуваше на петелката за тие преку ноќ да станат црвени и пожелни. Денес изгледа се префрлила работата на инекции. Добро, ако не е тоа што го сумњаме, што друго може да биде ова?  

И ние имаме квир симпатии

Значи можело некој да прави со себе, својот аутфит и својот живот што сака (на што талибанци од секаков ков мора да навикнат) а притоа да не се шлакне и да упадне во онаа луда матрица за катаљарда идентитети која „ја измислија во пандемијата кога им беше досадно“. „Што им е тоа „тие“?, се чуди симпатијата. 

Како изгледа експлозија на 6 тони ТНТ

Еден од своите тенкови Русите го адаптираат во камиказа верзија, го полнат со 6 тони ТНТ и го праќаат кон украинските ровови. Украинците имаат среќа на време да го видат тенкот и да го запрат (или па само нагази на мина) пред да им припари посериозно. Експлозијата што следува е спектакуларна.

Зошто Арнолд почнал да билда

Во емисија на Карсон, Австриецот се пува дека еден ден стоел гол пред огледало, се гледал и сфатил дека еден негов орган е многу поголем од остатокот од телото. Па решил со вежбање остатокот од телото да го доведе во големина која ќе одговара на органот кој, ете, штрчел. Чекајте, има еден поинтересен момент. 

Грчката колевка е увозна

По нивно сопствено признание, сето знаење на античките Грци всушност е земено од древните Египќани. Питагора таму минал 15 години, убедувајќи ги дека е вреден да го споделат нивното знаење со него. Кога сето тоа им е препишано на Грците? Кога во расистичките 18 и 19 век е решено дека не е баш згодно фундаментите на западната цивилизација да доаѓаат од земја која е во Африка. 

Планетава се загрева или се лади?

Зависи од кога мерите. Ако сте почнале пред 38 години, тогаш нема промени. Ако стартот е во 1850-та, во меѓувреме сме се затоплиле за 0,7 степени. Од Средниот век се имаме изладено за 4 целзиуса. Од времето на Викинзите имаме загревање, а од времето на Исус, ладење. Циклуси. И парите имаат циклуси. Некогаш се заработуваше од страв од ново ледено доба, денес од страв од глобално затоплување.  

Во Белгија делат шамари на политичари

За разлика од други места тука шамарите ги дава полицијата излезена на улица баш заради протестите на кои се појавиле политичарите. Шлапаниот е Том Ван Грикен, лидерот на десничарската Вламс Беланг.

Како звучеле древните јазици?

Од 15 древни јазици оживеани со помош на компјутерски марифети, само тоа латинскиот звучи очувано, пошто никој не го зборува. На пример, кажете му на Грк да ви го преведе она на што се разбирале Хомер, Платон... Додуша, и Кирил и Методиј денес да побараат чаша вода во Охрид или Несебар, домаќини би им рекле: Нема веќе соби дечки, сè е резервирано. 

Го знаете ли правилото 20-20-20?

За да се ослободите од стресот на работа, пробајте да го следите правилото за три 20-ки. Значи вака: дваесет минути работете. Потоа дваесет минути гледајте во нешто што е оддалечено 20 метри. Ако првите две дваески ви се лесни, ви останува само уште третата.

Силвио Берлускони, дефиниција за куроболие

Да потсетиме на едналегендарна сцена со него, кога стигнува со службена кола и Ангела Меркел, која е таму за да го пречека, ја остава да кмиши, пошто е на телефон. Замислете му ѕвонел мајсторот и му рекол дека бојлерот не се прави, а овој фатил да му објаснува дека само термостатот треба да се смени.  Е, до толку му беше до Меркел и протоколите.

Зошто е важна цврстата храна за најмалите?

Ако вашето дете на возраст за градинка ја вади корката од лебот и ја сака само средината, тоа може да изгледа како банален детал, небитен за неговото добро. Чекајте да чуете каква верижна реакција предизвикува: од растот на вилицата, положбата на јазикот, циркулацијата на воздухот, место за забите, лачењето на плунката, имунитетот до - сколиоза!. Тоа се сепак само млечни заби? Ќе чуете и за тоа.

Мене ли ми кажуваш

Лондон деновиве се кити се ЛГБТ знамиња кои треба да дојдат на место на речиси постојано присутните британски знамиња. На дел од минувачите не им е сеедно, а изгледа ниту на тие што ги местат. Во некои други времиња, остранување и фрлање нечие државно знаме се толкуваше како прогласување војна.

Фаулите на Фаучи

Од „не носете маска“ до „носете маска и глејте како се става“. Од „со вакцината сте заштитени од зараза“ до „со вакцината не сте заштитени баш скроз“, од „јас не предложив затворање на школите“ до „денес му предложив на претседателот да се затворат школите.“ Овој да беше наш, ќе се презиваше Заев или Пендаровски.

Брачни секс игри

Маж и жена разговараат за тоа малку да го размрдаат својот сексуален живот, па за почеток се договараат жената да дојде во спална облечена како медицинска сестра. Како е договорено така е и испорачано, само сега оди прибери го мажот од смеење.

Берлускони, фала ти

Кога на стартот на независна Македонија овдешниот етер беше „50 нијанси сиво“, врз него кофи бои и убавини ненадејно истури една италијанската вариететска емисија. Non e la Rai. Од 1991 до 1995 година, од две медиумски платформи на Силвио Берлускони (Медиасет и Италија 1). Њему хвала, иако тогаш првпат се прелажавме дека „шо знаеш, може еден ден и кај нас вака....“ Аха, да.

Слободата на гладно пропаѓа

Алди, глобалниот ланец супермаркети, во Лондон отвора дуќан кој личи на најпријатниот обид на Западот да се воведе драконски систем за социјални оценки и ограничувања до кој моментално не е стигната ни Кина. Сето тоа е спакувано во уште една технолошка новина која безазлено нуди влез во маркетот само за оние што ја имаат симнато Алди апликацијата и ја скенирале на влез, што е одлична основа на која потоа може сериозно да се надградуваат секакви функционалности.

Во челуста на императорот

Фрапантно изгледа графичкиот приказ на американските воени бази по светов. Ги имаат погусто отколку што ние во Македонија имаме амбуланти. Нач'чкани дури и покрај самиот кинески брег. Но и заклучокот на еден од присутните не е за фрлање: „Баш на овој начин пропаѓаат сите империи. Наместо да ја зајакнуваме сопствената држава, ние праќаме пари во Украина“. 

Ако на планетава живееја 100 луѓе

Занимлива и многу прегледна анализа на статистиките на човечкото население на Земјата. Да бевме 100 луѓе, само 11 ќе беа Европјани, 15 Афиканци, 14 Американци и дури 60 Азијати. 30 луѓе ќе ги зборуваа петте најголеми јазици (кинески, шпански, англиски, хинди и арапски) а остатокот (70 луѓе) ќе имаа на располагање 6.500 живи јазици. И уште многу интересни пресеци.

Транс- евхаристија

Ричард Докинс наоѓа интересна паралела меѓу транс-идеологијата (ја вика транс-бизнисот) и христијанската доктрина по која лебот и виното, за време на причестувањето, стануваат Исусово тело и крв. Како што едните веруваат дека виното може да биде само навидум вино а во суштина да е крв, така другиве веруваат дека некој што има пенис, само ефемерно е маж а во суштина е жена. Боже ме опрости.

Кај го шета маж ми кучето?

Ситуацијава не е тешко да се дешифрира: Обично мажот го зема кучето да го прошета. Знаат богами и да се задржат, сака тој убаво да се протегнат и тој и кучето, здраво е. Еден деn, кучето за прошетка го зема жената. Излегуваат во маало и случајно проаѓаат покрај една кафана.

Ех, Боуви, Боуви

Едно-две, ќе се потсетиме колку ни фали човекот кој во 2016-та замина за да стане ѕвездена прашина. Главно кога ќе ја рокнеме онаа париска изведба на Heroes или некоја друга, но овој пат на Боуви нè потсети неговата ќерка Лекси, вадејќи старо домашно видео од неа кога била пинцур и ѝграла со татко ѝ во дневна.

Колку вештачка толку и поштена интелигенција

Целиот напредок што се случува во вештачката интелигенција помогна Фотошоп во својата најнова верзија пак да извади функција што изгледа како чиста магија. Ти му даваш слика, па потоа бираш дали ќе му кажеш што да додаде на сликата, или сам да пополни тоа што мисли дека недостасува. Нормално дека опцијата ја пробаа за порно.