Видео

За Украина се војува и во Куршевел

Куршевел е името на францускиот алпски ски-ресорт што дури и вашите најбогати пријатели се воздржуваат да го изговорaт да не случајно некој спомне да се оди таму на зимување. Тоа не значи дека кафаните во Куршевел се празни и дека нема кој да оди.

Музиката последна се гаси

Ќерка ја снима својата дементна мајка како е „своја на своето“ само кога ќе седне на пијано и беспрекорно ќе ги свири Шопен и Бетовен. Старата има 92 години, Алцахјмер кој прогресира и ова е една од ретките работи што умее да ги прави сама.  

Кога Русите не се криви, не е интересно

Мик Волас, член на Европскиот парламент не може да се изначуди како толку бргу исчезна интересот за тоа кој е одговорен за саботажата на Нордстрим, учебникарски пример за еко-тероризам во кој се случи најголемото испуштање метан во историјата.

Најстрашното видео што копирајтер ќе го види денес

Рајан Рејнолдс (и агенцијата што му брка работа) за фирмите што ги поседува (Минт, Авиејшн џин...) има пракса да ги лови актуелните трендови и со нив да склопи некоја прилично допадлива реклама, за не многу пари. Трендот што сега го фати е вештачката интелигенција на ЧатГПТ, и ако ова стварно е точно време е копирајтери под итно да одат да упишат курс за бербери или да научат местење гипс картон.

Работник на месецот

Може газдата ќе даде некои покачување, можеби си вика вработениов лабаво местејќи една шипка во дуќанот која набргу ќе му падне точно на стопало на газдата. Ок, ништо страшно, знае тој и вторпат на ист начин да ја намести шипката.

Фекален Џексон Пoлок

Актерот Грег Дејвис порано бил наставник и дечкото е еден од најзабавните раскажувачи на анегдоти кои сe имаат појавено во шоуто на Грем Нортон. Задолжително слушнете ја приказната кога мамурен, по грешка облекол гаќи од мајка му и таков отишол на настава. Рајан Гослинг се преврте од смеење.

Путин е болен од рак, а Кина е на 10 години од колапс?

Питер Зеихан е американски геополитички аналитичар кој со децении се занимава Кина, Русија, арапски свет и слични теми. Деновиве тој гостуваше кај Роган и даде ретко оптимистички (за САД) предвидувања за светот, во кои главно САД во иднината и немаат од што да се грижат, во однос на она што денес се смета за најголема закана - Кина и Русија.

Кое е твоето оправдување што не го слушаш Џони Кеш?

На неколкумина едноставни луѓе од племиња надвор од западната орбита, им ја пуштаат „Hurt“ на Трент Резнор, во нејзината најдобра форма, онаа на Џони Кеш (нема песна што тој ја има обработено а да не е подобра од оригиналот). Одвреме навреме им го паузираат спотот, да им објаснат текст и контекст. Наравоучение: од кое и племе да си, Џони Кеш ќе те дирне.  

Не ви смета вам крадење, ви смета вие што не крадете

Босански професор за сржта на лоповлукот на секој еден што има каква било власт на Балканов. Тоа што на толку крадење никој не одговарал, тоа е сосема друг проблем.

Социјален експеримент: пешак со и без цигла

Човек застанат на пешачки на кој стандардно има вир за време и после секое врнење. Еднаш човекот пред вирот е со чадор и мобилен. Друг пат е со чадор и полна цигла. Да видите како циглата врши работа во подобрување на видот на возачите.

Совет за успешен и хармоничен брак

Празнициве додека се излежаваш на кауч како морж во полукоматозна состојба, а телото се обидува да ги обработи нечовечките количини храна што ги имаш товарено во твојот желудник, од голема корист за твојот брак ќе биде ако со видеово ја потсетиш жена ти дека не пуштила машина за перење. За дополнителен впечаток може да се употребат зборовите „а тебе те мрзи две копчиња да стиснеш“.

Оној еден што мора да се издвои

Туристичка тура со чамец кој проаѓа под мовче па луѓето во него треба само да се наведнат. Не и тој. Тој се качи на мостот со финта дека ќе се врати во чамецот таман кога ќе дојде на другиот крај на мостот. Потфатот ќе изгледаше успешен, ако видеото траеше некоја секунда пократко. 

Сите деца вака да блескаат

Група деца сакаат со песна да ги честитаат божиќните празници. Не се тоа млади од Беверли хилс или од некое кремкасто приватно школо кај што имаат посебни курсеви за вежбање емпатија. Ова е многу подиректно и пооргански.

Отвори го прозорецот да подиши градот

Песната се раѓа во 1994 во Скопје. Ја пишува најдобриот скопски поет Џовани (на органите познат како Јовица Ивановски), после цели 29 години таа излегува од фиока и се сели за Белград, од каде со додаден шмек од Ема & Џими и Јулија Кастелучи, се враќа во родниот град, со спот - омаж за Скопје, градот кој не престанува да ги инспирира и збунува луѓето кои живеат во него.

Ова ли ќе ги слушам до крајот на животот?

Добра заебанција. На дечко му ставаат апарат за слушање. Добра вест: за првпат може да си го сlушне сопствениот глас. Лоша вест: за првпат може да го слушне гласот на неговата девојка.

Кој е за бело, екстра бело?

Има можеби 15 години поминато од ова „филмско“ парче македонска иновативност, неконвенционалност и дрскост.  Штета што немаше кој да го следи „жанрот“ па наместо нешто вакво, телевизиските слотови се полни со досадни и кринџ пораки, темелени на трикотажни синопсиси склопени во „safe mode“.

Неповторливи моменти

Мала видео компилација од моменти кога деца со оштетен вид, со помош на специјално изработени наочари, успеваат да си ги видат своите родители. Монументално ежење и убаво во душата.

Полициско слепило

Група моторџии бесно возат низ град. МИнуваат на црвено, сите, освен еден. Погодете кај кого застана полицијата? Па уште му ја кажува причината: Те застснав зашто турираш ко сељак.

Како се разбраа BBC и Rage Against the Machine

Назад во 2009 година. БиБиСи решаваат во програма да ги имаат и Рејџ. Ама, ги потсетуваат дека ќе одат во живо, дека се работи за пригодна божиќна програма и затоа, да нема некое пцуење или некои безобразни зборови. Еве како изгледаше и звучеше епилогот.

 

Заговор куќа гради

Нам подеднакво глупи ни се и оние тврдења дека сè е заговор, и оние кои ќе ве убедуваат дека ништо не е заговор и дека не постојат злотвори кои зад грб на јавноста се договараат за пакости. Откако нурна во механизмите на Твитер, новиот газда сумира „Сè што важеше како теорија на заговор за Твитер, се покажа како вистина.“ 

Малата е позната

Има една наша водителка која упорно повторува дека нема ништо лошо во тоа да се смета за инфлуенсерка, пошто имала „инфлуенс“ (нека проба да собере луѓе да исчистат снег пред зграда, да види колкумина ќе „инфлуенсне“). Еве една нејзина посестрима, ама на стероиди.

Кога спортски новинар ќе ставиш на временска прогноза

Навикнат на топло во студио, дечкото признава дека се чувствува сè помизерен од новата работна задача. „Како се чувствуваш таму надвор?“, го прашуваат од студио додека тој стои на меќава и треба да даде извештај. „Исто тако и пред осум минути кога последен пат ме праша истото“.

Вакви фраери веќе не прават

Да го чуете Џон Форд од едно интервју со Питер Богданович. Куроболие на најјако. Па после Спилберг да раскаже како изгледала неговата средба со филмскиот маг. Па после Скорсезе како вешто го позиционира во историски контекст. На сите нив мислиме кога викаме фраери, ама најмногу на Џон Форд. 

Нејќе срце у поштеног човека

Многу луда видео приказна. За несреќа, се урнисува хеликоптер кој носи срце од донор. Но, дури тогаш работите стануваат луди. За среќа, луѓето успеваат да го извлечат срцето од превртениот хеликоптер. За несреќа, човекот кој го презема срцето во свои раце, попат паѓа, сосе срцето. Којзнае како сè ќе се развива оваа приказна....