Видео

Човек и куче

На тема, човекот е најдобар пријател на кучето, руска видео приказна со хепиенд.

Џаначиња

Сè што ќе видите во 24-те минути на овој документарец е попогрешно и поужасно од невкусниот наслов на овој вовед.

Како да станеш Папа

Прво не треба да си женско. Второ, не треба да се крстиш со три прсти. Трето, треба да го имаш веројатно најкомплицираниот прогрес во кариера. Четврто, и сето ова да ти се погоди никој ништо не ти гарантира.

Изградбата на Њујорк за Авенџерс

Знаеме како заврши Авенџерс и знаeме колку пари направи. Знаеме и дека имаат користено блесаво многу компјутерски ефекти, само не можевме ниту да претпоставиме колку многу е тоа.

Миша звани тетоважа

Миша е оној кој ќе ве спаси од лошата тетоважа за која се каете дека ја имате. Како ќе го направи тоа Миша? Така што актуелната тетоважа ќе ја направи уште полоша. На пример, имате тетовирано орел, Миша ви го редизајнира во - орел кој повраќа! Толку е добар што ни доаѓа него да си го тетовираме.

360 степени Бек

Бек импресивно ја најави својата намера да прави преработки на песни со фантастичен, 360 степени интерактивен поглед на неговата верзија на Дејвид Боуви. Вреди да видите и слушнете до кај е отидена работата.

Џими Кимел го расипа и Валентајн (барем за некои)

Пред Денот на заљубените тој објави "апел" во кој побара од мажите за 14 февруари наместо цвеќе, накит, чоколадни бомбони, на своите партнерки да им го подарат најлошиот можен подарок.

А сега мафни и на камерата

До сите смислувачи на скриени камери или рекламни кампањи, како што е овде случајот: тоа што на жртвите на крај ќе им кажете дека сте се шалеле, не значи дека не сте им го скратиле животот.

Автопат за душмани

Затоа што на ниво на нација му го имаме стравот на автопатот низ Србија (конкретно на делот од граница до Ниш), до некои подобори времиња утеха може да ни биде што ете Србија е до нас, а не Украина на пример. Еве еден од автопатите низ втората опција.

Биба, единствениот пријател на струјата

Постарите го памтат бидејќи беше еден од првите таблоидни јунаци на тогашната ЈРТ. После му извадија муабет дека го спржиле на електрична столица, ама, не. Еве го жив човекот кој може да биде изолатор, проводник, греач и акумулатор.

Музички тојфори

Промовирани на концерт во Аргентина, преносни тоалети со музика во нив. Кабината свири само кога има човек внатре а кога се сите зафатени, заедно прават песна.

Воскресение по Тарантино

Saturday Night Live презентираше како би изгледала тарантиновската варијанта на една од најекранизираните библиски приказни. Jesus UnCrossed - станува Исус од гробот и ги прави ремпере Римјаните. И да, Кристоф Волц е БОГ!

Кармен од Жорж Бизар

Хабанерата од Кармен е еден од најпознатите музички мотиви на светот. Е сега, замислете да ги седнете Дејвид Линч, Фасбиндер, Афекс Твин и Хантер Томсон, да им истурите кеса психотропни супстанци на маса и да им кажете: 'Дечки, поиграјте си малку, па ако ви текне некоја идеја за спот, викајте'. Неколку часа подоцна, викаат.

И Дата е човек

Некој трпелив делија седнал и склопил екстензивно парче од грешки и заебанции од снимањата на сите верзии на Стар Трек. Ако сте фан, следните 41 минута се ваши.

Преку стероидите веќе

Еден осврт на целата контроверзa со Ленс Армстронг и сите што се разочараа од него (без разлика што човекот има собрано 500 милиони долари за борба против рак).

Интервју со Макартни

Сигурно постојат подобри начини да ги потрошите следните 47 минути ама на нас не ни текнуваат. Ал Џезеира го ангажира мајсторот за разговори Дејвид Фрост да го седне и распраша оној кој меѓу живите има најмногу видено од музичката историја. А имаат и пијано во соба.

Вака тоа изгледа

Колку вообичаен и секојдневен а драгоцено уловен момент од реалноста: она чувство кога зборуваш и едно време сфаќаш дека не те слуша.

Фатете нешто за Валентајн

До сите оние дечки кои се ужаснуваат кога доаѓа Денот на вљубените а тие немаат кому ни зумбул да подарат -  доста е очајување! Постои еден трик, еден потег кој гарантирано ќе ви го омрси овој Валентајн. Е сега, ќе има и модрици, ама тоа е...

Мајсторе, врти уште едно кругче

Ербас 380, на линија Бангкок - Хонг Конг, убер прва класа.

Анти - целулитен ритам

Настрана тоа што дечкото има уникатни инструменти, добар е. Е сега, факат, да беше и дупло подобар, никој немаше да го забележи да не беа инструментите.

Во слава на душманот на Тесла

Иако ние регионално навиваме за личанинот, Томас Алва Едисон е тема на овој наш омаж со ретки и бизарни снимки на изумителот со префригана смисла за бизнис. Да не му прегореше сијалицата, деновиве ќе имаше 166 години.

Ова не е смешно

Стара финта е тоа, кога ќе се навлечеш да правиш нешто пипаво на компјутер, па ќе се задлабочиш во задачата и одеднаш ќе те препадне некоја вештерка на екран и ќе те извади од памет. Овојпат не е вештерка. Овојпат претерале.

 

Запознајте се со "Harlem Shake"

Ова нешто се вика Харлем Шејк, и верувајте дека ќе го гледате следниот период. Не заради нас, него затоа што ќе отече на интернет. Целата работа почнува пред неколку месеци, во 2012-та, кога Baauer ја вади песната "Harlem Shake". Крајот на јануари, почеток на февруари се појавува едно сосема непотребно видео со играње на песната, не на цела, туку на едно 30 секудни од неа, и сега целата работа изгледа како да нема да има крај.

Вселенски џем сешн

Има песни на светов за кои со право може да се каже дека се светски. Оваа е многу повеќе и од тоа.