Видео

Како се трола тигар

Видете, кај нас ова не можете да го видите. Не затоа што немаме тигар или тролови од ваков калибар. Заради нашиот страв дека џамот е направен фушерски.

Боб Дилан мулти-каналски

Песната е стара, фората е многу нова. Го пушташ видеото, почнуваш да вртиш по каналите и сите ти ја пеат 'Like A Rolling Stone' од Боб Дилан. Далеку подборо од други варијанти кога пушташ ТВ, а сите ти пеат иста песна.

Инженерка на тато

Шармантна субверзија во стереотипизираниот свет на детските играчки. Реклама родена во свет во кој само 11 проценти од инженерите се жени.

Околу витамините и колку треба

Сме збореле за витамините од пакетче или шише. Сме кажале што сме кажале, еве што имаат од Дискавери да кажат.

Сакаме и македонска верзија

Најстарата финта во свет. Сите ја имаат, само ние немаме наша верзија. Во случајов, Украинец ремети Пољак. Забележете како систематски вика: Курррва!

Мајли Сајрус за пред спиење

Малку играње со потенциометри и Wrecking Ball на Мајли Сајрус од една, така банална поп песна, се претвора во хорор кој на времето комотно би го потпишала Лори Андерсон.

Blue Men Group на тркала

Човек на кого му ја носите колата на сервис, по некое време доаѓате и тој ви вика: Добра е сега, ти ја наштимав.

Америка се смее, Јапонија свршува работа

Мала културолошка споредба меѓу западниот свет и оној јапонскиот, врз основа на два речиси исти телевизиски формати.

FAIL!

Кога ова не би било бебе, туку пијан маж, насловот веројатно би бил на место. Ама зошто да му простиме само заради тоа што оно не е свесно за ништо околу него.

Руси во апсолутна паника

Како и секој обичен човек, двајцава Руси не можат да се соземат откако нивниот автомобил излета од автопат право во река. Реакцијата нема во скоро време да ја заборавите.

Боречка школа, Дагестан

Насир Гаџиханов беше Дагестанецот кој настапуваше за македонската боречка репрезентација. Отприлика тука некаде завршуваат нашите познавања од боречката школа на Дагестан. Се додека не го изгледавме видеово, како ги спремаат од мали нозе.

Вежби за да не станеш кифла од седење на компјутер

Човеков не е доктор или физиотерапевт, туку само по цел ден работи на компјутер, заради што нормално има проблеми со грбот и држењето на телото. Има две вежби за грб, крајно лесни и траат по 30 секунди. По само 1 месец правење по два пати на ден, веќе има резултати.

Зеница блуз со МК таблички

Та не е само Влатко, та не е само Мирослав. Македонска песна пасент ѝ стои и на класичната гитара на Бошко Јовиќ од Зеница, кој понекогаш звучи како Патакот и Тадиќ заедно. Овој босански гитарист разбира што е севдах, а тој што разбира што е севдах, нема шанси да ја утне Македонија. 

Кога актер ќе ти се пожали дека му е тешка работата

Неодамна Том Круз правдајќи се пред суд (семејни работи околу Сири) порача дека неговата работа (глумењето во филм) е поднеднакво напорна како работата на американските војници што се борат во Авганистан. Од ова им падна глупо и на неговите колеги.

Ван Дам уште е заебан

Како да демонстрираш колку ти се добри новите камиони што ги правиш? Зошто да не го земеш Ван Дам и да го натераш да направи шпага на два камиони што возат во рикверц. Како?

Две препораки за гледање: 1. Боуви. 2. NSFW

Колку аплаузи се потребни за од ништо да се создадат аватари кои ќе почнат да водат љубов?

Човек што знае да прави мерак на Вајн

Студент на колеџ, плус смартфон, плус Вајн. Резултат - нормално не е револуционерна научна студија, туку сериозна конкуренција на Batdad.

Рамбо Амадеус во Хајд Парк

Рамбо ги дочека своите 5 минути на најпознатата отворена трибина на светот и ги искористи стоечки да испрати неколку стари и добри антифашистички пораки и да го потсети тамошниот режим дека деновите му се одбројани. Облечен како што му доликува на еден ваков гласноговорник кој на домаќините им носи добри вести.

Митбастерс за гледање

Митот е дека пијан човек може да се отрезни со трчање. Значи имаме пијан човек, Адам Савиџ (водителот) со 0,9 промили алкохол во крвта, и трчање на фитнес трака, со брзина од околу 10 км. на час..

Нè искрши бе, малo

Налет и читателот кој ни го прати клипот, и ние што го отворивме, налет и тоа што се мислевме дека сме талични а факат сме станале и кенкави и фрагилни и никакви. Ама, немате среќа да нè видите како сами си цмиздриме.

Motorhead - Do you believe

Од последниот албум, цели 36 години од нивното деби во 1977-ма. Триото Леми (67г.), Фил Кембел и Мики Ди, со цел арсенал во раце, бучни како праведници, се уште  посилни од убиственото комбо "текила -пиво- цигари". Накратко, Моторхед, рокање газови.

Depeche Mode на денот

Ако ги сакате Depeche Mode, тогаш ја делите истата љубов со ова трио од Колумбија. Татко, син и ќерка - Everything Counts. Уживајте.

Мајка на службен пат

Мајки, да не излезе дека живеете во заблуда, ама без разлика кој и колку ви го има стравот по дома, еве што се случува кога не сте таму.