Анимирана историја на фризерските стилови на 20-от век. Гибсонки, италијанки, пудлици, помпадурки, афро, мохиканки...па се до емо стилот. Фер е листата, ги има и џигериците.
Одиме до најблиската планета до нашава - Јапонија. Во тој свет исто така постои атмосфера за тв натпревари на талентирани пеачи, но предизвикот за нив е многу поинаков. Треба да отпеат што подобро можат додека - девојка ги шакетира.
До сега не објавено видео од последната емитувана епизода од шоуто, во која Кларксон пред камери ја кажува својата страна од приказната за инцидентот по кој е избркан од Топ Гиар (најверојатно заедно со него нема да се вратат ниту Џејмс Меј и Ричард Хамонд).
За многумина чоколадото само по себе предизвикува халуцинации ама ова е многу нивоа напред. Почекајте да се запали стробо светлото и ќе видите како повеќето од нас го замислуваат рајот.
Уште во првата секунда додека те гледа девојка ти, го активираш Армагедон протоколот, во глава ги разлистуваш сите можни ФБ пораки, ДМ на Твитер и мејлови, додека без гледање од телефон ја бришеш цела Вибер и ВотсАп комуникација, СМС-и и именик.
Ова е видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот. Најбитно што треба да знаете кога гледате видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот е - да намалите звучници.
Ако џандарите вака изгледаат во Боливуд, едвај чекаме да видиме на што ќе им личат Авенџерс. Чак Норис + Клинт Иствуд + Чарлс Бронсон + Матрикс, е до таму се.
Од седење дома работите нема сами да се поправат. Постојат многу работи кои ве врзуваат за телевизор или компјутер, меѓутоа, додека го гледате и слушате сето тоа, вашето тело нели ви зборува дека е доста? А резултати ќе има, просто, не може да нема.
Таткото е тука на својот син да му влева сигурност и стабилност, да го охрабрува, подржува, да биде цврстата точка во неговиот детски универзум. Е сега, замислете го сето тоа ама обратно. Не малку обратно туку многу обратно! Хомер Симпсон е срушен од пиедесталот.
Базирано на медицински студии кои допрва треба да бидат спроведени колку повеќе луѓе има околу тебе толку е поголема твојата нетолерантност на глутен. Ова е само еден од советите.
Прослава на 25-от роденден на Фотошоп. За да не излезе само празно фалење и да бидеш сигурен колку добро си ја вршиш работата од тогаш собери ги луѓето што се експерти за работа на твојата апликација, и дај им да работат на првата верзија. Експертско покајание.
За Еболата, и позицијата Прва дама (или Прв сопруг) и нејзините активности, и како Бил Бур тоа махерски го спои со позицијата сопруга на водоводџијата што ти работи дома.
Бидна уште еден 8-ми март а мажите пак ништо не дознаа за жените. За математичари, проблемот е лесен. Координата X - згодна, координата Y - луда (последното парче од дијаграмот е прајслес). Ако имате 7 минути, бурјум. При крајот има и упатство за мажи. Нормално, многу пократко.
Знаете дека CNN има фетиш за ова и е еден од глобалните виновници за тотално девалвирање на смислата на "Breaking News". Брејкинг њуз им беше информација за потонувањето на Титаник, брејкин њуз им беше и дека вистината за летот на MH370 нема да се дознае со години. Овојпат имаме пример за брејкинг граѓанска непослушност во срцето на Америка, Вашингтон.