Разно

Пази каква фина тема за дискусија ако сакаш да се скараш со дечко ти / девојка ти

Анкетата (на руски) поставува прашање за кое навидум и ние и жените мислиме дека сме едногласни, а тоа да ти било војна. Прашањето: дали би биле согласни да се направи ДНК тест на вашето бебе по породување? И?

Кошмарот на Ѓинѓиќ

Тогашниот српски лидер и еден од столбовите на тамошната либерална мисла, го објаснува својот страв околу Косово: Замисли да сме врзани во држава во која српски компании се купуваат од албански бизнисмени со косовски нарко долари, а ти не можеш да отидеш до Призрен или Приштина едно кафе да испиеш.

За африканските работи

Пораката од Африка е - хуманитарци доста ни помагавте, ако стварно сакате да ни помогнете оставете нè на раат. Ако до сега Западот на некого вистински му помогнал, тоа е само и само сам на себе.

Такер ја брани Унгарија од Бајден

Такер Карлсон во Будимпешта: „Светот се престројува со огромна брзина и се врти против САД. А администрацијата на Бајден си го троши времето малтретирајќи еден од нашите најискрени сојузници, Унгарија. Дека била премногу христијанска.“

Меѓународни договори важат само за тие што немаат багери

О.Н. им забрани на кипарските Турци да градат пат што треба да спои некои тамошни населби. Кипарските Турци од друга страна не се сеќаваат дека го прашале О.Н. што да прават на своја земја. О.Н имаат бели џипишта, Турците имаат жолти багери.

Трауматизираме деца за Тикток

Последен тренд на Тикток (барем на делот што е за Западот и сите други) е челенџ во кој на твоето дете (што помало толку подобро) од ведро небо му кршиш јајце од глава и потоа незапирливо му се смееш, сето тоа складно документирано на камера. Лајкови ха ха ха.

Не само што ги потепа, па и ги трола

Ен Андрес е новата канадска шампионка во кревање тегови која заедно со титулата постави и рекорд за крената тежина во женска категорија. Андрес крена вкупно 597,5 кг. што е над 200 кг повеќе од второпласираната. На Андрес ова и успеа благодарејќи на крајно успешната програма за вежбање која во основа бара првите 30 и кусур години од животот да си машко па дури потоа со сите твои мускули и конструкција да се префрлиш во жени.

А по дождовите, свлечишта

Делови од Индија неколку денови беа под постојано дождови. Како престанаа дождовите така индиските брда почнаа да лизгаат. До сега има 60 загинати.

Африканци го демонтираат CNN

На Афика ѝ се падна паричето CNN да се заинтересира за неа. Повикан експерт на глобалната јавност ѝ објаснува што се случува, за по некое време да каже дека ја знае ситуацијата бидејќи работела за Стејт Департментот. И ете всушност на што се сведуваат тие пропагандни срања прикажани како експертизи: човек на Стејт Департментот „објективно“ ги анализира руските интереси во Африка.

Сте виделе некогаш растение канола?

Ако сончогледово масло се добива од сончоглед, a кокосово од кокос, каде е тогаш канолата за масло од канола? Не постои, бидејќи канола е кратенка од „Canada oil, low acid“, a растението од кое се добива е маслодајна репка, истата од која се прави и биодизел.

ЕУ не лаже, освен кога ќе ја фатат

Европската Унија има своја мисија на границата меѓу Ерменија и Азербејџан каде се уште знае да се припука, и истата оваа мисија се најде сред едно такво припукување, па од нејзе познати причини реши да лаже.

Пророштвото на Гадафи

Во 2005-та година, либискиот претседател Моамер Гадафи прогнозираше во кој правец ќе се одвиваат американско-руските односи. Поконкретно дека САД ќе најдат начин да тргнат кон богатите изворишта на природни богатства и енергенси кои ги има Русија и кавкаскиот регион. И им порача на Либијците да си ја бранат земјата.

Хаваи изгледа апокалиптично

На Мауи, вториот по големина остров на Хаваи, деновиве изби пожар кој благодарејќи на ветровите неочекувано зафати од урбанизираните делови од населбите на островот. Резултат од ова е 99 загинати во градот Лаханија, најмалку 1.000 исчензати и уште 2.200 уништени домови. Островот сега изгледа како почетна сцена од зомби филм.

Најлесниот избор на светот

Дали попрво би гласал за Бајден или би се преселил во Русија? Прашањето е за Американци и звучи ко крајниот резултат да е јасен уште пред ликов да излезе на улица со камера и микрофон.

Ние ја поседуваме науката

Првиот човек на одделот за глобални комуникации на ОН објаснува како Гугл почнал да штелува резултати од пребарувањата. Биле шокирани кога виделе дека кога ќе се побара „климатски промени“, се нудат секакви информации, па им отишле и им рекле: Ние ја поседуваме науката, ние треба да бидеме први. „Ние ја поседуваме науката (читај: вистината)“, па има ли поорвеловска реченица од тоа?

Кој не верува дека има само два пола, нека измолзи вол

Републиканката Кари Лејк, околу која се случуваа некои од најголемите драми за време на меѓуизборите 2022, периодов почнува со кампања за американскиот Сенат . Како што е ред таа се фаќа со стандардното покажување колку е всушност народски човек. Ова, главно по службена должност, го следат репортери од медиуми како Њујорк тајмс и Вашингтон пост, што таа го искористи за шутирање пенал.

Инфлуенсерски лајкови, поволно

Треба лајкови, прегледи, следачи, коментари или што и да е? Ама да има и „енгејџмент“. Енгејџмент од уши да ти излага, што и да треба, каде и да треба, Кина сè има спремно за вас.

Запознајте се со еден терористички ум

„Треба да убиваме Иранци и Руси, се разбира тајно, а не на цел свет да му кажуваме што правиме. Сакам да го уплашиме Асад, ноќе да ги  дигнеме во воздух неговите канцеларии, да му ја нападнеме гардата, да му го уништиме претстедателскиот авион...“. Луѓе со вакви желби се оние кои како мали малтретирале мачиња. После стануваат психопати или... директори на ЦИА. Мајк Морел, 2016 гоина.

Аналогни генијалности

Денес на секој нов уред од типот на телевизор, таблет или слично, можеш да му кажеш да се изгаси за толку и толку време (или ако нема активност), пошто очекуваш во меѓувреме да заспиеш, додека нешто читаш или гледаш. Па да не гори џабе. Штета што таква можност немале оние пред времето на струјата, кога морале да читаат на свеќа? Не ги потценувајте.

Дали Кина си обезбеди „вечна“ струја?

За разлика од традиционалните нуклеарни централи кои работат на ураниум, Кина почна да работи на нуклеарни централи кои работат на ториум. Ако нешто ви врши работа, еден тон ториум создава иста количина на струја колку и 3,5 милиони тони јаглен, а Кина ги има најголемите залихи на ториум во светот.

Тексас решение за Тексас проблеми

Влегувањето во Тексас на делови од границата со Мексиско се сведува на прегазување на Рио гранде. Затоа што не може да пофати да го стражари цело Рио гранде, Тексас реши да почне по должина на реката да поставува пловечки бариери, надополннети со циркулар. За сега најмалку едно лице има загинато бариерите.

Дневна доза пропаганда

Урсула фондерфајзер Лејен: „Руската војска зема чипови од машини за садови и фрижидери за да го поправат својот воен хардвер, бидејќи веќе немаат полуспроводници“. Прашање од здравиот разум: Зошто НАТО не успева да поибеди војска која се потпира на делови од машѓини за садови и фрижидери?:

Дали Си-ен-ен го крена белото знаме за Украина?

Андерсон Купер разговара со Џим Шуто, главниот известувач на Си-ен-ен за национална безбедност. Темата е украинската контраофанзива и недостатокот на истата. Во последните 20 години веројатно само за победата на Трамп атмосферата во Си-ен-ен била вака траорна како сега.

Мајка, кажи дека се зезаш

Го пренесуваме нејзиниот проблем со голема надеж дека се работи за тролање на будалаштините на ова време. Елем, таа има син кој се идентификува како мачка, ама, ветеринар одбил да го прегледа. Дискриминација! „Ако вика дека е мачка, тогаш е мачка и треба да биде третиран така.“ Добро што синот не се идентификува како кола, ќе требаше на канал да го носи да му сменат уље.