Разно

Во челуста на императорот

Фрапантно изгледа графичкиот приказ на американските воени бази по светов. Ги имаат погусто отколку што ние во Македонија имаме амбуланти. Нач'чкани дури и покрај самиот кинески брег. Но и заклучокот на еден од присутните не е за фрлање: „Баш на овој начин пропаѓаат сите империи. Наместо да ја зајакнуваме сопствената држава, ние праќаме пари во Украина“. 

Транс- евхаристија

Ричард Докинс наоѓа интересна паралела меѓу транс-идеологијата (ја вика транс-бизнисот) и христијанската доктрина по која лебот и виното, за време на причестувањето, стануваат Исусово тело и крв. Како што едните веруваат дека виното може да биде само навидум вино а во суштина да е крв, така другиве веруваат дека некој што има пенис, само ефемерно е маж а во суштина е жена. Боже ме опрости.

Ех, Боуви, Боуви

Едно-две, ќе се потсетиме колку ни фали човекот кој во 2016-та замина за да стане ѕвездена прашина. Главно кога ќе ја рокнеме онаа париска изведба на Heroes или некоја друга, но овој пат на Боуви нè потсети неговата ќерка Лекси, вадејќи старо домашно видео од неа кога била пинцур и ѝграла со татко ѝ во дневна.

Колку вештачка толку и поштена интелигенција

Целиот напредок што се случува во вештачката интелигенција помогна Фотошоп во својата најнова верзија пак да извади функција што изгледа како чиста магија. Ти му даваш слика, па потоа бираш дали ќе му кажеш што да додаде на сликата, или сам да пополни тоа што мисли дека недостасува. Нормално дека опцијата ја пробаа за порно.

Канада гори, Њујорк се гуши

Во источниот дел од Канада се случуваат масовни, ама масовни пожари кои опфаќаат илјадници хектари. Пожарите периодов почнаа да се симнуваат на југ, а и понатаму се доволно обемни за чадот од нив да стига до Њујорк и целосно да го покрие „главниот град“ на светот.

Два пут сан Франциско

Кратка снимка од Сан Франциско деновиве, град во кој даскали и професори во средно живеат по шелтери или хостели затоа што не можат да ги платат високите кирии (види: Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот). Цепки е што сето ова е баш како некогаш ние, за првомајските празници. Горе оди државното знаме, веднаш под него партиското. 

Разговор со најгледаниот филмаџија во моментов

Најгледан филм денес не е новиот Спајдермен, новиот Fast and Furious или Малата Сирена. Најгледан е оној што го најавивме уште лани во мај, па пуштавме исечоци, a пред некој ден можевте да го видите бесплатно на Твитер, со препорака од Илон Маск. Е, тој филм, за само пет дена го имаат видено преку 170 милиони луѓе. Партали! Авторот, Мет Волш, го има Пирс Морган. 

Златен ќумур...

Цела Сахара може да се покрие со соларни панели (и онака кмиши, пустата) и така да се добијат 2,5 милиони терават-часови, доволно струја за 96 планети Земји. Ама после Сахара ќе почне да се лади, ќе фатат огромни океански циклони и пошто нема вода за секаде, дождовните шуми на Амазон ќе се претворат во пустина. Никако човек не е...

Марк Руте ние си го сакаме

„Колку повеќе ја „обојувате“ ЕУ во црно, толку повеќе ќе расте популарноста на личности како Путин“, нè опомена холандскиот амбасадор. Кабаетлии биле политичарите, дел од медиумите и невладиниот сектор „кои ја обвинуваат ЕУ за долгото чекање на земјава пред вратите на Унијата“ (а нема врска, нели?). Ај важи, светилник за европските вредности отсега ќе ни биде твојот премиер.

Нигериска понуда за црнци угнетувани во Европа

Ако мислите дека во Европа ве угнетуваат заради бојата на кожата, дојдете во Нигерија, и тука исто ќе ви се случи, ама барем може да бидете сигурни дека тоа нема да има врска со бојата на вашата кожа.

Не е сè така како што изгледа

На прво гледање ликов закача / малтретира недолжно девојче што се качило во метро. На второ гледање, ликот е професионалец што не е прв пат во Барселона и само што спаси една жена да не биде ограбена.

И Африка веќе не им ќути

На новинарот од BBC не му е проблем што САД не го признаваат Меѓународниот суд во Хаг. Проблем му е ако Јужна Африка не го почитува. „Знаете ли дека ако Путин дојде кај вас во август, мора да го уапсите?“ Од Фикиле Мбалула, генсек на Афиканскиот национален конгрес, добива одговор: „Што е до мене, не во август, уште утре е добредојден да дојде“. А потоа му го трие Ирак од нос. Кoга веќе сака „Hard Talk.“

Зошто се празни скапите станови?

Како и во Скопје, и во Њујорк или Лондон зјаат празни многу скапи, тазе купени станови. Разликите во причините се во нијанси; во крајна линија се работи за легализирање некакви црни  пари. Таму купуваш прескап стан од десетици милиони долари, го заложуваш за да добиеш кредит и после тие легални пари ги ставаш во акции. Чиста работа.

Вицот наречен Обединети Нации

- Присуството на американски воен персонал во Сирија без покана на таа држава, не ве потсетува ли на една друга актуелна ситуација на друго место за која постојано се повикува на Повелбата на ОН, меѓународниот поредок, се цитираат резолуции? - Нема американски војници во Сирија! - Ако нема, како беа повредени петмина во напад во Сирија?

Цената на полската помош на Украина

Русите сакаат да ви го земат Донбас, ама ние ќе ви помогнеме да го браните. Тие највероајтно на крај сепак ќе го земат Донбас, ама заради тоа што ние ве браневме, ферски е да ни го вратите Лвов. Анкета со Пољаци кои имаат предлог за компензација.

Како функционира банкомат во Украина

Ако побараш да бидеш услужен на руски јазик, добиваш порака „Слава на Украина!“ (и толку од услугата). Ако сакаш банкоматот да ти ја врати картичката, ќе мора да ја одобриш украинската порака „Слава на хероите“. Многу елегантна демонстрација дека актуелната војна е и битка за западните демократски вредности. 

Кога Зеленски го бранеше рускиот јазик

Зеленски стана претседател со мека реторика за враќање на раатот на луѓето кои живеат во источна Украина и сакаат да зборуваат руски. Во тоа време, и самиот тој зборуваше руски. Поради јазот меѓу ветеното и она што реално се случи, некои го викаат „најдобро платениот актер на светот.“ Оти па Заев послаб беше.

Бабо, возбудена ли си?

Еутаназијата е премногу деликатна и интимна работа за да носиме ригидни морални ставови околу тоа. Ама, да се прават инспирациони видеа на темата? Еве една „инфлуенсерка“ која ја снима својата баба на која веќе и е закажан датум кога ќе биде заспана и умртвена. Па онда ја прашува како се чувствува што ѝ се ближи денот и дали е возбудена околу тоа.   

Вести од вакциналниот мамурлук

„Во целата моја кариера во која сум препишувал секакви лекови, немам видено нешто што е помалку ефикасно а прави поголеми белји отколку вакцините“, вика доктор Асим Малхотра кај Роган. Информира и за ова: ги повториле студиите кои ги правел Фајзер и Модерна, ама овојпат независно. Добиле резултати кои на вакцинираните нема да им се допаднат.

Асад мора да замине! Да, а?

До пред само неколку години, на Запад постоеше консензус дека сирискиот претседател мора да биде отстранет од сцената. Консензус силен и челичен како оној што моментално на Запад постои во врска со руската инвазија на Украина. И каде е сега Асад? Ене го, после 12 годишна забрана, галантно им држи лекции на Арапската лига дека само обединети ќе ги биде.

Рајли Рид е пишман околу порното

Жената која повеќе од 10 години е еден од носителите и најпрепознатливи ликови на порно индустријата деновие се отвори за проблемите во животот што и ги создала професијата од која направи милиони долари. Главно се работи за семејството, кое или не сака да ја види или ја сака за пари, ама и по двете основи и е смачено.

Метафорите на Грета Тунберг

Грета Тунберг стана глобално позната после драматичната порака: „Сакам да паничите! Сакам да го осетите стравот која јас го чувствувам секој ден!“ Некој чичко сега ја прашува, врз основа на која тоа студија или научен извештај таа го формулирала апелот за паника. Грета вика, не постоеше таква студија, тоа беа метафори. Е, па, добро.

Чекај да чуете приказна

Девојката има Онлифанс на кој има еден изразито активен и анонимен претплатник кој во рок од 2 месеца троши околу 2.000 долари на најразлични нарачки (видеа / слики). По некое време истото корисничко име и се појавува и на Тикток, каде и покажува дека корисникот и е од контактите на телефонот.

Не е Маск толкав фраер колку што новинарите се станати мизерни

Журналистот сака да разбере зошто Маск на Твитер пишал што мисли за Сорос (види овде). Демек, можел тој така да мисли, ама зошто морал да го напише тоа јавно, нема ли така да изгуби пари, нема ли да изгуби реклами... Баш онака како што размислува секој полтрон и мекотел на планетава Земја, мислејќи повеќе на својот задник отколку на својата кичма.