Разно

Фејсбук од 90-ти

Замислете дека сме некаде на средина на 90-ти. Сега замислете дека имате интернет (дајл-ап, не мора повеќе). Ај сега кликнете на сликичката во вашиот вебсајт браусер.

Ух, ова е страшно

60 секунди кои ќе ви покажат како дрогите и алкохолот го менуваа лицето на некогаш убавата Линдзи Лохан во последните 25 години.

Ако не е јасно зошто Спрингстин е Boss

Затоа што има направено куп добри песни. Затоа што знае да се шали со себе. Затоа што нема гајле да се појави на нечии веренички фотки. Затоа што знае анонимно да засвири како уличен изведувач. И конечно, затоа што на 62 години му се може ова: 

Ете го чарето!

Имате грда и дебела жена што сака да зановета? Решението е едноставно, треба само да примите анестезија и да се надевате дека ќе пројдете како холанѓанецот Хууг Босе. После операцијата на колкот, од некоја чудна реакција на анестетикот, човекот не престанува да се смее. Жена му не може да го поднесе. Нему - сеедно. Ѕирнете како тоа изгледа.  

Дуинг бизнис

Не во Маседонија туку во Стокхолм. Презентацијата не со брошури туку со ајпади. Магија.

Кога таблетот ќе стивне

Од прва до последна страна, од корица до корица, книга создадена со користење на традиционални методи за печатење.

Црвенкапа каква што не била

Клипот е базиран на вистинска бајка. Бајка што сте ја слушале и гледале, ама никогаш вака.

Самракот на цивилизацијата

Во параноичното време во кое живеат силните а уплашени држави какви што се САД, сите се потенцијални непријатели и терористи. Можеби Ал Каеда регрутира тригодишни момчиња врзани за инвалидско столче, од кај знаеш? Затоа се тука органите на редот, темелно да ги претресат ваквите андеркавер злостори.

Нацијата што престана да сонува

Дел од документарецот на Neil deGrasse Tyson (еден од најбрилијантните научници на денешницата), за тоа зошто САД се откажа од вселената. "Колку би платиле за Универзумот?"

Дефиниција за скапа женска

Вашата нека биде размазена, нека бара што сака, само да не биде како неа. Бидејќи таа мириса на нешто скапо веднаш штом ќе отвори уста.

Приказна за еден постер

Оригинално направен за време на Втората светска војна, "Keep calm" постерот заглавува во магацин и чека да има премиера во јавноста дури во 2000-та. Од тогаш постерот се претвора во поп феномен.

Бавча на младоста

Женава се храни исклучиво од својата бавча, нема пробано ништо зготвено и пие дождовница ама затоа има 70 години а изгледа како штотуку да наполнина 40. Во редакција се согласивме: супер, ама, не се исплати.

Каква е оваа ситуација?

Градска е оваа ситуација! Сите аплаузи за младата и згодна мултитаскинг девојка која за момент го разубавела Скопје до толку да личи на некој нормален град.

Реплика за пред пензија

Пред 25 години на 6-ти март беше премиерата на Смртоносно оружје (да, толку време помина), речиси неважен филм кој неповратно влијаеше на цела генерација филмови и тоа само со една реплика.