Разно

Сè што треба да знаете за францускиот јазик во 4 минути

Најдобрата лекција по француски? Оди учи италијански!

Кога се слуша само својата песна

Колку се само глупи оние што ометаат нечии говори, театарски претстави (види "Текила герила") или доделувања награди. Ова од еден универзитет, место кое би требало да биде храм на отворени умови кои влегуваат во меѓусебни дебати. Мамлазите прекинуваат говорник (Џорџ Дик, израелски дипломат, арапско-христијанско потекло) дојден да зборува на тема "Потребата од заедничко разбирање). За да изгледаат вака. 

Ние и светот 100 души

Популацијата на цел свет сведена на 100 луѓе. 50-50 сме машки и женски. 1 човек контролира 50% од сите пари на светот. Се зборуваат 5 јазика, сè останато е бука и галама.

Мајнкрафт со баскет не се избива

Видеово следи две приказни. Татко ги вади синот и внукот на игралиште за прв пат во живот да фатат баскет и еднаш да му направат мерак да дадат кош во маало. Првата приказна е на 8-годишниот син гејмер кој се обидува да даде кош, втората е на 8-годишниот внук гејмер кој во знак на протест што не му даваат да се врати дома да игра Мајнкрафт, демонстрира граѓанска непослушност. Ќе ги препознаете кој е кој.

Беспотребна анализа на "Две птици со еден камен"

Немате вие толку мислено на фразава колку што дечково зборува за фразава. А има поента.

Прозорец што се претвора во балкон

Охохо кога ова ќе дојде и кај нас! Охохо кога ќе стигнат и фушерајките, јер наш народ обожава да помине поевтино!

Крешимир Мишак за корпорациите

Цел ден аргатуваш за корпорација за да имаш пари да купиш храна од корпорација во супермаркет на корпорација за навечер да гледаш телевизија со која управува корпорација за вести за политичари кои зависат од корпорација. А кога ваквиот живот ќе те разболе ќе побараш лекови направени од коропрација.... Комунистичките шефови можеа само да сонуваат за ваква тотална контрола.

Црна магија

Гледање како некој сече патлиџан со ултра остар нож знае да биде воодушевувачка работа. Изненадувачки е што ова во рикверц станува бескрајно поинтересно.

Јазикот во историски рикверц

Поента на видеово е колку назад во времето можеш да се вратиш а и натаму да го разбираш англскиот јазик. Блазе си на нас што сме тазе со јазикот. Ок, освен каменот од розета.

Што ни е проблемот што мразиме евтини работи?

Зошто многу повеќе ги цениме работите што скапо ги плаќаме, со примеси на "зошто не треба ништо да даваш гратис."

Како е кога сè е обратно?

Како? Како во Јапонија. Ниту светот ги разбира нив, ниту тие го разбираат светот. Пример, адреси. Посветено на сите таксисти и поштари што не можат да најдат адреса во далечното, неистражено и егзотично - Козле.

Обесправени бели деца

Соработник на Дејло шоу седнува со група бели деца кои целиот живот се маргинализирани. Во што? Во тоа што никогаш не виделе бел претседател.

До линчот и по него

Клипот е од Бруно, филмот за австрискиот моден репортер, и е сниман во Арканзас, еден од упорно најзакоравените делови на САД. Случувањата во рингот се по сценарио, сè надвор од него е на "што ќе даде Господ."

Тинејџери вс. Виндоус 95

- Ова е првиот компјутер што е некогаш направен
- Праисториски... стар диносаурус
- Виндоус 95? Како 1995-та?
- Сè изгледа досадно и антички
- Наратор: Не ти ги отвора страните затоа што на Виндоус 95 нема ВиФи. Копиљ: Штооооооо? Па како се закачуваш на интернет ако нема ВиФи???

Спремни за Олимпијада?

За сите што планираат да одат а и нас нè лакомат летоска да зашибаме за Рио, 12 минутна показна вежба за тоа што ги чека на улиците на овој град.

Ни брат Љубе* вака не се извинуваше

Како Северна Кореја ПР-овски  му ја извади маста на американскиот студент обвинет затоа што украл некое знаме со политичка парола. Откако покајнички се изнарика пред цел суд, 21 годишниот пишман изјави дека тоа е "најголемата грешка во неговиот живот" и дека на таков чин го "охрабрила католичка црква поддржана од американската влада".  

Органски бетон кој сам си ги лечи пукнатините

Истиот процес со кој настануваат пукнатините во бетонот (на чии поправки во ЕУ годишно се трошат 6 милијарди долари), искористен за нивно пополнување. Во цементот се уфрла бактерија која може да мирува 200 години ама ако ѝ наиде вода, ете ја неа на работа. Просто, генијално.

Потеклото на иксот

Не потеклото на буквата, туку потеклото на нејзината функција како симбол што означува нешто непознато. Како и куп други паметни работи што ги користиме ама поим немаме од каде доаѓаат, и на ова корените му се во арапскиот свет. П.С. Сте чуле за ал џабра? Нормално дека да, само што во не арапскиот дел од светот ја викаат - алгебра.

Географија по Џон Оливер

Се што треба да знаете за државите низ светов слободно може да почнете да го учите од Џон Оливер. На лекциите паралелно се предава - географија, геополитика, историја и како им изгледаш на комшиите.

Пилешки сендвич без антибиотик

Сабвеј на времето тргнаа одлично, како поздрава и посвежа алтернатива за сендвичи. Но, на шемата "здравје" се налепија и други играчи и работата отиде надолу. На пример, во 2014-та продажбата им паднала за 3 проценти иако истата година отвориле 778 нови продавници. Сега најавуваат пресврт во нивното мени, ќе биде без антибиотици. Иако и натаму би сакале нивните сендвичи да се јадат три пати на ден, 8X1, на гладно срце.

И роботите имаат душа

Музика и текст од реклама за заштита на животни, видео од тестови на роботи. До крај, ве остава завиени во тага  да не можете на тостерот во очи да му погледнете што толку сте го стискале.

Невербалните финеси на браќата Коен

Кадар/контракадар е базична филмска цака и е дел од основната азбука на кинематографите. Но, дали камерата ќе снима преку рамо или ќе биде ставена во средина, таа одлука резултира со различно доживување на сцената. А Џоел и Итан Коен знаат уште неколку трикчиња. 

Најстрашното видео на интернет што ќе го изгледате денес

Нема крвови, нема гадости, нема чудовишта, има еден новинар што оди на ДЕФ КОН (најголемата конференција на хакери) и ги предизвикува учесниците да го хакнат. Он нема претстава што ќе му се случи, вие немате претстава што ќе му се случи. Хорор и ужас.