Документарец

Бучни комшии

Кој ако не Македонец ќе направи документарец на тема бучни соседи. Но, не е тоа што го очекувате. "За време на снимањето на овој филм не е прегорена ниедна бор-машина."

Тито & Киро гоус ту Холивуд

- Друже Киро, да ми правиш друштво во Холивуд, да не бидам сам со Јованка и нејзината пунџа? - Да ти правам, друже Тито, што да не ти правам. Легендарното парче "Филмске новости" (инфо пропаганда емитувана пред кино проекција која ни беше сосема доволна доза вести) на која се редат славни ликови: Едвард Робинсон, Јосип Броз, Рок Хадсон, Глен Форд, Киро Глигоров, Ширли Меклејн...

Реконструкција на Забрањено пушење

Кои се Пишоња и Жуга, с које стране улице станују дјевојчице и ред други нам занимливи загатки од песните на Забрањето пушење ги расветлуваат Сејо Сексон, Зенит, Елвис Куртовиќ.... на автентични сараевски локации, за екипата на ХРТ.

6-те гитари на Марк Нофлер

Се лепел по излози и зјапал во електричните гитари. Ги душкал каталозите на Фендер. Откако го измолил својот татко да му ја купи првата гитара (Хефнер, за 50 фунти), немал храброст дa му каже дека за неа треба и појачало. Документарец, 43 минути.

 

Старост исполнета со пиксели

Приказна за 97 годишниот Хал Ласко, поранешен графички работник и типограф. Пред 15-тина години почнува да го губи видот. Волјата за живот му ја враќа неочекуван ангел - програмот Пеинт на Мајкрософт. Оттогаш, 10 часови на ден, пиксел по пиксел, дедото си ја полни смислата на своите старечки денови.

Југославија во 16 mm

Југославија во 1964-та (а и во следните години), била единствена држава во Источна Европа во која американската авио-компанија Пан Ам воопшто имала линија. Уште тогаш Пан Ам ревносно работи на маркетинг и промовирање на своите дестинации. Ова е краток филм за Југославија од 1964-та. Забележете го првиот кадар и прашањето.