Видео

Пилот со гајтан нерви

На некои си над 2.100 метри на Алпите, хеликоптер на француската полиција помага во спасувањето на заглавени скијачи / планинари. Филигрански прецизно помага.

Што се добива кога ќе се спојат Аца Лукас и Курт Кобејн?

Ова што го гледате го прават искусни професионалци. не правате го дома

Моментот кога бран преполови украински товарен брод

Бродот МВ Арвин е произведен 1975 и до пред некој ден се уште беше во служба.

RIP Леон Спинкс

Некогашниот светски шампион во бокс, човекот кој еднаш го имаше тепано и Мухамед Али (во 1978 година), почина од рак на 67 годишна возраст. Титулата подоцна му беше одземена затоа што одби борба со предизвикувачот Кен Нортон, само за да го прифати предизвикот на Али за реванш (кога изеде солиден ќотек). Имаше 46 професионални борби, од кои 27 победи, 17 порази и три нерешени. Кон крајот на животот му беше дијагностицирано смалување на мозокот, како кумулативен резултат на примените удари во глава.