Видео

Битката за Грозни

Кадиров, владетелот на Чеченија има син кој ете вежба и активно боксира. По некоја случајност во Грозни се одржува боксерски турнир на кој настапува малиот Кадиров, против извесен Аслан Битиров. Мечот завршува во втора рунда со победа на Кадиров, која изгледа како што звучи. Победникот е во црно и златно.

Дечково, бравос

„Дечково“ е шкотскиот пејач Луис Капалди, што растури со продажба, стримови и со топ листи. Ова му е ланско гостување кај Грем Нортон и бравос што воопшто постои ваков лик.

Три саати со Рамбо. Ма, преубав.

„Интернетот е комбинација меѓу Александриската библиотека и Пандорината кутија“.
Водителот: Зошто кога веќе ја имаат Александриската библиотека во својот мобилен, мнозинството решаваат да бидат само будали?
Рамбо: Затоа што разговорот секогаш се одвива на нивото на поглупиот.