Музика

Кога од публиката правиш хор

Ова на времето махерски го правеше Боби Мекферин, ама и Џејкоб Колиер (и неговата публика) не е лош.

Најдоброто после Џони Кеш: Колтер Вол

Има само 27 години и е опасно добар. Долго време не му одеше на Џо Роган на подкаст со објаснување: „Батали, имам работа на ранчот“. На видеото има само 22 години. 

13 нивоа тапанарење (од лесно до „оди бе бегај“)

Објаснува и демонстрира маестралниот Ларнел Луис од Снарки Папи.

Лелее- Нестајеш

Замислете си како би изгледало кога King Gizzard & the Lizard Wizard случајно би се нашле во една екс-ју кафеана, добро би се напиле и уживале во локалната традиционална музика – во токму таков сплет на околности ќе ја најдете „Нестајеш“, новата песна на љубљанскиот бенд Лелее.