Музика

Angine de Poitrine

> Angine de poitrine како медицински термин означува болка или непријатност во градите заради привременен недостиг на кислород до срцето.

> Angine de poitrine како музички термин се двајца ликови со псевдоними Khn de Poitrine (гитара, бас) и Klek de Poitrine (бубњеви) од Квебек, Канада.

Песната со која НАСА ги будела астронаутите

„Нејќете да им пуштите нешто тажно или неинспиративно. Сакате да ги живнете сабајлечки“, објаснува поранешниот директор за операции на НАСА, Крис Хадфилд, за песната која им била пуштана на астронаутите на Аполо пред од разгласот да слушнат „Добро утро, Хјустон!“
Карпентерс, “We’ve Only Just Begun.”

Космогенит: Портал

Космогенит е Иван Бошковиќ, кантавтор, композитор и мултимедијален уметник од Белград. „Како автор, спојувам поп, акустика и world music со електроника и интимна лирика, создавајќи емотивна и атмосферична музика која истражува теми на љубов и внатрешни процеси, со современ продукциски пристап. Покрај музиката, ги режирам и снимам сопствените музички спотови, градејќи концептуален и визуелно заокружен уметнички израз“, ни пишува Космогенит.