Музика

Млади и рокенрол? Има!

Илија Димитровски ги пишува, компонира и ги свири сите инструменти. Сè снима и продуцира сам. Музиката и продукцијата му има една убава винтажна - Бич Бојс - нота. Патем, Илија има само 15 години! Па браво бе момче!

Пол Велер и Smokin' Mojo Filters - Come Together

Од „The Help Аlbum“ (1995 година), хуманитарен проект за децата од Босна и Херцеговина.

Лелее - Мора малку во црвено

Словенечкиот, поточно трансбалканскиот инди рок бенд Лелее (Јелена Русјан на вокал и бас, Дамјан Маневски на вокал и гитара и Леон Стоилковиќ на бубњеви) имаат нов албум. Живо, забавно, разиграно, инспирирано од музичкото минато, загледано во хоризонтот, со намера дента да ви е убаво, кога ќе ги пречекорите линиите. Бидејќи МОРА МАЛКУ ВО ЦРВЕНО.