Стотројка го објави „Дома“, најновиот малбум (EP) на Тодор Караколев, пејач-песнописец и продуцент кој создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика.
Занаду се музичка четворка од Скопје кои потпишаа договор со хрватската независна издавачка куќа interstellaR. Членовите на бендот се запознале на 17-годишна возраст и по само неколку години го снимија и самостојно го објавија својот прв албум насловен „Соништа“. „Ураган“ е првиот сингл од претстојното ЕП издание (после летото) а придружните вокали на албумот ги снимиле група млади холандски туристи во Скопје.
Living in the Promiseland е напишана од Дејвид Лин Џонс. Најпозната (досега) е верзијата на Вили Нелсон. Крис Степлтон (порано разнесувал мраз со камион) ја искина.