Македонски рулет

Да повториме: Никогаш северна, само Македонија

Карикатурата е објавена во Гардијан во 2018 година а е дело на познатиот полско-британски цртач Анджеј Краузе. Претставен е бојкотот на македонскиот народ на референдумот за промена на името кое се претставуваше како последна пречка за влегување во Европската Унија и НАТО.

Зошто оваа протува е оставена раат?

Додека безгласно ги береме плодовите на неговите историски предавства, додека во државата со сменето име е забрането официјално да се комуницира Македонија ама не и Ванчо Михајлов, додека по земјата ни крстарат Бугари и нè мочаат од керамиди а од Србија чекаме вакцини, пченица, зејтин... ќе го побара ли некој човеков, чисто да го праша како е, да не треба нешто, да не има нешто ново да ни открие за Смилковско, за Никола Младенов, за датумот, за инвестициите на Фејсбук и Гугл...