#75

Од
saefish
Прашање

Знам дека прашањево е поставувано ихаха пати, ама морам да го дознаам и твоето мислење: Дали стаклото е џам, бе бате?

Одговор

Јок, срча е бе бате.

А џам ти е оноа едно онакво, за праење оперативни системи, ем малецки, ем меки.

17 декември 2013 - 06:00

#74

Од
Голем залак
Прашање

Што значи тоа - 'Зини да ти кажам', некако не ми е јасно.

Одговор

Ти коа си надвор, држ тоа устата затворена за сваки случај. Немој да ти стане одеднаш све јасно, тоа у задње време не е добро коа ти имаат кажано поише од шо треба.

16 декември 2013 - 18:00

#73

Од
Мене
Прашање

Зошто работнициве во сабота се понашаат како да е вторник, а газдиве за тоа појма немаат?

Одговор

Ти сеа да си бараш за нова година некој од тоа другарите шо ти работат по фирми, да ти дае нов календар, пошо све си ги испобркал тоа деноите.

16 декември 2013 - 15:00

#72

Од
Штраки
Прашање

Герасимеее, он нејќе да пиеме од иста чаша :-( ... Што да праам?

Одговор

Не стаај по два прста од тоа карминот.

16 декември 2013 - 12:00

#71

Од
Орле
Прашање

Отсекогаш сум се прашувал за во песната “Лапнала Донка штравцигер“ каков штравцигер лапнала Донка? Дали обичен, фазомер, крстач или торк?

Одговор

Добро бе, си немате ли друга работа него да ја оговарате Донка сеа? Лапнала ова, лапнала она. Оној Зофе онојпут коа изеде пола јагне со сто и седум шприцера, два пута на бис го враќавте од аплаузи, сеа тука го т'нчите за женава за еден шрафцигер. Башка, и да лапнала, сигурно бил онаков, саатчиски, од најмалите.

16 декември 2013 - 09:01

#70

Од
Шинтер
Прашање

Герасиме кога одам да мочам ми доаѓа да кренам нога. Дали да продужам да го шетам кучето?

Одговор

Дабоме дека ќе продужиш, само води го откај другата нога шо ти е.

16 декември 2013 - 06:01

#69

Од
Чиро
Прашање

Герчо, абе скршив нога, ме пратива на трауматологија, а нема везе со траума. ич не се исплашив, да идам или не?

Одговор

За од уплав едно време на бајач праќава, сеа по ново изглеа па нешо комплицираат со тоа трауматологија, кур се тресе. Него, ти да земеш џвакан леп да стаиш на тоа ногата кај шо ти е убиено. И црвено вино.

15 декември 2013 - 18:01

#68

Од
Trpe
Прашање

Се прашуам, дали прво кокошката па јајцето или обратно ? Ич не ми влегуе у глаа...

Одговор

А ти па, шо си запнал свакојаки глупости да буташ у глаа ?

15 декември 2013 - 15:01

#67

Од
Мислител
Прашање

Герасиме зашо подморница кога лансира торпеда не се пуни со вода ? Те молам одговри ми пошо не можам да спијам навечер

Одговор

Ти, друже мислитељу, си прднал ли у када некад ?

15 декември 2013 - 12:00

#66

Од
duman
Прашање

Герасиме зашто викаат секој петок урда јадам ?

Одговор

Тоа застарено е, моеш скоро секој ден да си јадеш, сем среда, сабота и недела.

15 декември 2013 - 09:00

#65

Од
Ацо мариоецо
Прашање

Дали ако изедам лажица мед и испијам 10 уза, ќе се претворам во медуза ?

Одговор

Глеј сеа како си ја врти водата на воденицата. Е зашто бе Ацо баш 10 да испиеш, демек едно ко ниедно?

15 декември 2013 - 06:00

#64

Од
Моцарт
Прашање

Зашто Аца Лукас порано праеше боље песни?

Одговор

Па, нормално коа  Џорџ Лукас му ги праеше, ама сеа изгледа не зборат више некое време, кујзнае зашто.

14 декември 2013 - 18:00

#63

Од
Макс
Прашање

Како тоа, ќе зеам плата, ќе платам сметки, нешто за децата, ќе вратам долгови...и до 5ти у месецот неам пари?! А еве колешката постојано се жали дека нема пари, ама има нова бунда и фризура!

Одговор

Трај таму, док и тебе не ти тупнале некоа бунда и купони за на бербер, па тек тогаш има да се чудиш со шо ќе платиш сметки и шо е тоа нешо  шо ќе им даеш на децата. Башка шо ќе те дупат на работа зашто си почнал да одиш така, некако нежно.

14 декември 2013 - 15:00

#62

Од
Михичот
Прашање

Оти децата мали ги викаaт сонциња?

Одговор

Тоа може кај вас. Кај нас ги викаат: - копиљ, ела бе ваму.

14 декември 2013 - 12:00

#61

Од
Роко
Прашање

Герасиме,околу вечната дилема..Што е поважно:големината или техниката?

Одговор

Ама ти некако као поише си ми расположен да испадне дека техниката е побитна, глеам јас.

14 декември 2013 - 09:01

#60

Од
Трузи мал
Прашање

Герасим, ружа во рака или даска по глава?? Идам до кај женска ми, па не знам што да и подарам. Што е боље?? мислам како мала пажња...

Одговор

Све некако мислам дека еден андроид на цветиќи многу поише ќе ти заврши работа.

14 декември 2013 - 06:00

#59

Од
Bojan
Прашање

Герасиме, дали да зеам да ја поминам или да поминам да ја зеам?

Одговор

Ако не па, онда прати некој. Си бил заузет и готово, шо.

13 декември 2013 - 18:01

#58

Од
Збунет
Прашање

Зошо мужите не одат по двајца во вц?

Одговор

А мене па одникад не ми било јасно зашто жените одат по две у нужник? По дома додуша не, ама а се начекаат заедно коа се у некој локал, тоа обавезно. Нешо ги тера така изглеа.

13 декември 2013 - 15:00

#57

Од
Ангеле
Прашање

Герасиме ... би ти бил благодарен ако го преведеш ова: Свекрвата и золва ми отидоа кај шурата на кумашинот да прашаат дали жена му и јатрвата ќе дојдат на свадбата на девер ми.

Одговор

Шо има тука да се преведуе, ако можат, ќе дојдат.

13 декември 2013 - 12:00

#56

Од
Dzvonko Bogdan
Прашање

Геро да те прашам нешто зашто викаат Тоалетна Вода и Тоалета цело време се думам никако да откријам нит па да преведам од каде значењето?

Одговор

А шо, демек не се думаш, имаш откриено, преведено и јасно ти е зашо Кисела вода се вика кисела вода? И зашо уопште било која кисела вода се вика кисела вода, коа уопште не е кисела, ниедна?

13 декември 2013 - 09:00

#55

Од
Киче
Прашање

Шо поише ми се исплати: да купам влечки од трговски или од сити мол?

Одговор

Првпут слушам дека некој е на ниет да купуе влечки. Тоа обично или се краде од комшилук или ги наследуеш од деда ти, откоа ќе отиде у прекоманда. 

13 декември 2013 - 06:00

#53

Од
Сопственик
Прашање

Имам хектар нива, па ме занима до која длабочина можам да идам? Дали е мое се до центарон на планетава ни Земја?

Одговор

Така, така, сите дојте у Центар, па после ќе било зашто се прегласуело по три пути.

12 декември 2013 - 18:00

#54

Од
Од мене
Прашање

Како да му кажам на дечко ми дека му е мал?????

Одговор

На први април признај му у поверење дека поголем не си видела. Ако истраете до први април, де.

12 декември 2013 - 15:00

#52

Од
Василќо
Прашање

Герасиме, мене не ми е јасно зашто викаат кој пее зло не мисли, а во песните се спомнува, дабог да се сотрете, дабог добила песак у бубрегу итн....

Одговор

Интерпункицски е проблемот таму. Тој шо ја има измислено ова поговоркава, забраил една запирка и од тогаш нааму само збрки се дешаваат коагод и да ја каже некој. Оригиналот е:

КОЈ ПЕЕ ЗЛО, НЕ МИСЛИ.

12 декември 2013 - 12:00

#51

Од
пијан
Прашање

ако тресам пепел од цигарата во пивото дали побрзо ќе се испијанам?

Одговор

Шознам, али ако тресеш глупости од пивото у друштво, значи више си завршил работа, да не му ја мислиш многу дали ова, дали она.

12 декември 2013 - 09:00