Net Roulette › Галерии

Со Стоунси по дома во 1965

Прво бил сликан Брајан Џонс. Чарли и Бил брзо прифатиле. Ричардс немал „дома“ па бил изнајмен апартман во Хилтон. Џегер прифатил дури откако му рекле дека може пари од тоа да има. Фото: Бент Реј.

18-метарскиот снешко од Харбин

Годинешниот снешко во главниот град на провинцијата Хејлунгѓанг е висок 18, а широк 13 метри, и е изграден од над 2.000 кубни метри снег.

Лондон, 1982

Фотографии: Сунил Гупта

Старата библиотека во Синсинати

Изгледа фасцинантно. Срушена во 1995 година.

Роберт Јанков - Дојран

Роби (Здраво Македонијо, Канал 5) не само што има уво, туку и око да ја „сослуша“Македонија. Серија негови црно-бели фотографии од спокојот наречен Дојран.

House of Grappling Arts // Мартин Саровски

Фотките се на Мартин Саровски @martinsarovski, БЈЈ борците се на Давид од House of Grappling Arts @houseofgrapplingarts (нив можете да ги најдете на Млечен).

Швеѓани од пред 100 години

Џон Алиндер никогаш нема мрднато од своето родно место, селото Саваста во провинцијата Упланд, во источно -централна Швеедска. Човекот држел легален гранап, илегална биртија и бил самоук фотограф. Ова се луѓето (и по некое куче и був) од неговата околина, сликани во периодот 1910-1932.

И како човек после да не пие?

Фото-портрети на луѓе после нула, една, две и три пијачки.

Црна мачка, бел минимализам

Автор: Ал Золградри, Техеран.