Веб алатки

Пет веб алатки кои можеби не ги знаете а можат многу да ви помогнат. Некои се толку корисни што ќе имате чувство дека правите нешто нелегално, бидејќи сè што е корисно, во последно време станува нелегално (или скапо). А не правите ништо нелегално. Ваљда.

Најкорисната за нас (бидејќи таква ни е работата) испадна Тајни УАУ бидејќи решава куп проблеми и задачи околу фајловите. Просто, катаљарда операции кои ни требаат речиси секојдневно.

Волфрам Алфа користи вештачка интелигенција за да ви одговори на комплексни прашања од математика, науки, историја, забава, живот... Номално, и баналности: на пример, што сè има во 10 бонбони M&M?

Аксиом штеди време така што го автоматизира користењето интернет односно репептитивните задачи на веб страниците. Има екстензија за Хром.

Опенсорс алтернативи се токму тоа - бесплатни солуции базирани на отворен код кои можат да послужат како ефикасна замена за скапи патентирани софтвери.

Џотформ велат дека имаат преку 10.000 форми/темплејти/модули кои можат да се додаваат на веб сајтови за да се добијат екстра функционалности.

Не треба фала :)

 

27 август 2022 - 10:05