Уснија на сламка

Уснија и приказната за крчмата Џерима

Асоцијацијата пак на скопјанката Уснија е песната која беше неофицијална химна за сите "певаљки" - онаа за нишката "Џерима". Уснија беше онаа на која и се оствари "американскиот сон" и од кафеанското милје и масите со коцкести чаршафи влезе во белградскиот "круг на двојката". Газдата на "Џерима", некогашен нишки милионер Раде Живковиќ наречен Џерима (а не Џеримо, по легендарниот поглавица на Апачите!), кој сепак и во најдобрите денови возел "половен дизел мерцедес на гас" деновиве продава пиперки на зелените пазари и говори за своите славни денови.

Љубомир Костовски
Глобус Магазин бр. 433 / 18 август 2015.

Деновиве сите пишуваат за пејачката Уснија Реџепова која е на умирање во една белградска болница. Приклучена е на апарати, има канцер во поодмината, што би рекле онколозите темпорална фаза и нема пари за да го плаќа болничкото лекување. Од весниците не стрелаат фотографиите кои не се пристојни, бидејќи ја предаваат Уснија во најлошо светло - со опадната коса (од хемотерапијата), подостарена, измалтретирана по долга битка со болеста.

Асоцијацијата пак на скопјанката Уснија е песната која беше неофицијална химна за сите "певаљки" - онаа за нишката "Џерима". Уснија беше онаа на која и се оствари "американскиот сон" и од кафеанското милје и масите со коцкести чаршафи влезе во белградскиот "круг на двојката". Газдата на "Џерима", некогашен нишки милионер Раде Живковиќ наречен Џерима (а не Џеримо, по легендарниот поглавица на Апачите!), кој сепак и во најдобрите денови возел "половен дизел мерцедес на гас" деновиве продава пиперки на зелените пазари и говори за своите славни денови. Две поврзани човечки судбини кои само говорат дека "животот е тркало"...

Но, да појдеме од констатацијата дека веќе неколку години балканските телевизии на Нова година не го пуштаат како по обичај спотот со некогашниот хит "Зборуј крчмо Џеримо", несоборливиот доказ дека дури и по едно испиено пиво вистинската песна е доволна за еуфорична прослава на годината која е "нова" и која ќе биде подобра од старата". Кога меаната ќе падне врз тебе (а има еден стих кој говори - "паѓај крчмо...") да ја протолкуваме содржината на песната, тоа значи дека веќе консумерот паднал на валканиот патос под тежината на малиганите и дека пејачката и келнерката, со длабоки деколтеа и содржина која ја почитува гравитацијата, се обидуваат да го придигнат и да го предадат на дежурниот таксист пред вратата посочениот гостин, за да го пренесе "таму каде што треба" - дома, во токсикологија, во полиција и слично.

А песната, која е апотеоза и за судбината на кафеанските пејачки, малкумина тоа го знаат, во меѓувреме од калливата нишка периферија, Долно Комени, се пресели во Ниш и влезе во книгата на социологот Драгољуб Б. Ѓорѓевиќ. "Меаната Џерима - перифериска кафеана и околу неа". И тука, во книгата, има дефиниција за тоа дека една "пристојна" меана од тој тип има три столбови - газдата (сопственикот), келнерката и пејачката.

Познатата нишка гостилницата "Џерима", се наоѓала на 15 минути вон автопатот "Братство и единство" Скопје - Белград, ама сега не и до новиот автопат, што секако прави проблеми во сообраќајното снаоѓање преку "Гугл" картата и што можеби влијаело на падот на популарноста и нејзиниот дефинитивен крај и претворање во анонимнен склад. Нејзиното златно доба било во периодот 1970 - 1985 година, кога шоферите кои пошле, да речеме од Скопје кон Белград, по изедениот сендвич со кајмак во Предејане, морале да испијат "едно кафе" близу Ниш.

Автор на книгата по социологија, врз основа на сопственото искуство го скицира животот на познатата "биртија" во Долна Комена, некогаш село а потоа само периферија на Ниш во тие познати години на локалот. И кажува дека за обликување на карактеристики и социјалните функции на "периферното пиење на кафе" станало институција на Балканот, дури со своето троножна, значи стабилна поставеност на "институциите" - шеф, келнерка и пејачка"

Ако кафеаните, меаните, ановите и како ли веќе се викаат навистина живеат по некоја доктрина, згора се "неопходни " социјални институции, тие можат да бидат и некаква, како што вели докторот од Ниш - социолошки лабораторија, а потоа пак да се подложат на научни истражувања, како посебна област на научен интерес. Во тој случај, соодветното име би било социологија на кафулиња - вели Ѓорѓевиќ, кој од пред некое време ја доби наградата "Десимир Тошиќ" за најдобра книга на фикцијата..

Композицијата "Кажувај меано Џеримо" има свој автор - Радмила Тодоровиќ Бабиќ. Тоа е онаа нишлијка (1949 - 2006) која е лекарка по професија ама постојано живеела од народната песна како композитор и текстописец, најпрвин за својот сопруг Милан Бабиќ (1943 - 2009) а потоа и за Мирослав Илиќ, Лепа Брена, Лепа Лукиќ и други ѕвезди. Аранжманот, ова е секако битно го направи Баки Бакиќ, а изведувач се јавува Уснија Реџепова.(1982), веќе одамна етаблирана. Впрочем, оваа композиција е правена по нарачка на сопругот на Уснија, "дрматор" во ПГП РТС но и заради големото естрадно искуство на изведувачката која инаку се обидувала како студентка да преживее во Белград, каде почнала да студира ориенталистика.

Од тие три столбови не се знае судбината на ниту една конобарка, што веројатно е разбирливо. Најпозната нишка легенда е секако Раде Живковиќ - Џерима сопственик на таверната, кој најнапред бил шофер а дури потоа меанџија. Како шофер имал значајна социјална функција - физички ги спојувал социјалните точки во просторот (некој вид праинтернет!) а точка на спојот станала неговата - меаната! Раде е некој вид на пра Бил Гејтс!

- Живковиќ е повеќе страна и ретка личност - вели Ѓорѓевиќ - Тоа не е без покритие како меаната му дојде во народната песна, сега и во социолошката литература, како што не би било изненадување ако наскоро стане предмет на документарен филм или литературен херој.

Според овој доктор по социологија Џерима ќе го признае за близок роднина секое племе, но за возврат припадниците на тие племиња барале да останат што подолго во локалот. Крупен проблем за газда Раде било затворањето на објектот, кое и онака не било во официјалното 12 навечер, па имало сериозни проблеми во тоа доба, секако и при собирање на борчот од гостите. Обично имало условување од типот "може ама најпрвин по уште една", па доаѓале навиките и потребите од позајмување. Газдата често бил измачуван со клиентелата имало и нервоза, потоа тој знаел да биде непријатен и груб, да вика и да ги принудува ноќните шетачи да одат надвор со омилениот збор "raus".

Кога доаѓал главниот санитарен инспектор во оваа меана - Саме, кој имал право да затвори секаков објект , сите се плашеле па и Раде Џерима.. "Ништо, ништо", велел инспекторот, "Јас само запрев да го видам тоа чудо, Раде да чува овци во црн костум, бела кошула, лаковани чевли."

Денес тој Раде нема лаковани чевли и продава зелени пиперки во еден од нишките пазари (Долнокоменска) а кај него пазарат оние на кои тој некогаш им прошетувал долгови, знаејќи дека има мизерна пензија, нема пристоен дом и физички е слаб за да ги подигне и однесе кошовите со пиперки до автомобилот на муштеријата.

А Уснија? Е тоа е посебна приказна.

- Уснија на сламка (2): Во емисијата "Микрофонот е ваш" немаше мамење
- Уснија на сламка (3): Родителите не сакаа да станам пејачка
- Уснија на сламка (4): Тито рече "ја загубивме нашата Уснија"

3 октомври 2015 - 16:02