Приказната за оригиналниот Касиус Клеј

Кога ќе се спомне Касиус Клеј, автоматски се помислува на Мохамед Али, најголемиот боксер на сите времиња кој за кратко се имаше преименувано во Касиус Икс за подоцна да конвертира во ислам и да го земе името по кое го памтиме. Меѓутоа, неговото родно име доаѓа од еден друг Касиус Клеј, аболиционист, исто така без страв и многу пис на јазик.

Роден во 1810 година, тој бил син на еден од најголемите сопственици на робови кога отишол на колеџ во Кентаки и после подобро запознавање со тамошната околина, решил цврсто да се бори против ропството. 

Многумина го имаат предизвикувано на двобој, главно заговорници на ропството, сите ги има победено. Почнале да го сметаат за најсмртоносниот човек на Америка.

Почнал да патува и да држи говори против ропството што дополнително изнервирало поширок круг луѓе. Бидејќи двобојот против него била самоубиствена идеја, најмиле платен убиец. Овој го има пукано но го погодил во ножот кој Касиус го држел под сакото. Потоа, со истиот тој полу-уништен нож, Клеј го има осакатено човекот за што овој подоцна го тужи.

Сакал да стане уредник на весник но никој не сакал да го вработи па основал своја редакција под името „Вистински Американец“. Реновирал една зграда и ја направил со тесни ходници на кои не можеле двајца да се разминат, само заради безбедносни причини. Постоел и таен влез и излез за него.

Кога се разболел од грозница, мафија му ја има запалено зградата. Направил нова во Охајо.

Подоцна му станува досадно па се приклучува на војската во американско - мексиканската војна. Бива заробен со цел баталјон но благодарејќи на неговите преговарачки способности (ги убедил да ги убијат само офицерите), го пуштиле.

После војната се враќа на говорништво, кога шест браќа од робовладетелско семејство пробале да го убијат. Му имаат нанесено тешки повреди но сите ги ликвидирал.

Потоа влегува во политика, Линколн го сакал за потпретседател но заради неговиот табиет, го праќаат како амбасадор во Русија на шест години. Од таму им се заканува на Англичаните и Французите да не ја поддржуваат граѓанската војна. По враќањето, Линколн повторно му нуди политичка позиција но рекол дека нејќе ако не се потпише декларацијата за еманципација.

После тоа се пензионира и се враќа во Кентаки каде хоби му било да  малтретира локални цајкани. Пред смртта, на 93 години, убил двајца ликови кои му провалиле дома. До последниот ден, во станот држел топ вперен кон влезната врата.

********

За другиот Касиус, прочитај во:

Удри гонгот и за Мухамед Али, Елвис Присли на боксот

 

6 април 2024 - 19:18