Писмо од изнервиран тајкун до нацијата

Едни се родени за да владеат и имаат, а други за цел живот да бидат сиромашни, и што може тука да се направи; апсолутно ништо!

Предизвикан од постојаните повици на револуција, борба против елитите и критика на богатите, одлучив да ѝ се обратам на разноликата толпа, и на сите народи и народности што се во состојба да го разберат јазикот на кој пишувам.

Овој текст не се обидува да објасни зошто богатите се потребни за економијата и развојот на општеството, туку цел му е да ги уништи и последните траги надеж дека работите може да се променат. Што побрзо престанеме да фантазираме и се фатиме за две работи, толку повеќе енергија ќе заштедиме.

Роден сум и израснат во богато семејство. Да, кога бев мал, верував дека не постојат некои разлики меѓу богаташи, сиромашни, работници и селани. Мислам, постојат, ама не се тоа оние на кои ме учеа. Имав среќа да сум роден со наследство, земја и куќа што ме чека за разлика од многу други луѓе. Не го избрав тоа. Тоа мнозинството мора да го разбере. Тоа не е ништо страшно, но пружа голема способност за манипулација на секој што ќе се претстави како вреден човек што сè сам има заработено. И со тоа богатство се располага од почеток, од раѓање. Повеќевековни крвни права на едно семејство на кое низ неколку генерации повеќе никој не му го знае потеклото на парите. Меѓутоа работниците се „мрзливи“, селаните „глупи“, а сиромашните „шупаци“.

Богатиот ништо не го спречува да се збогати

Татко ми е голем Хрват. И искрено, многу се изнакраде, секогаш им помагаше на партиските луѓе, јасно ви е. Но успеав да го сфатам материјалистичкиот склоп во неговата глава. Секогаш тука беа валканите сиромашни и богаташите кои имаа направено нешто згрешено еден на друг.

Прадедо ми беше политичка фигура во Југославија. Беше богат и пред доаѓањето на комунизмот, а во него само дополнително се збогати.

Пола семејство профитираше од неговото име. Се фрлија во политика, имаа страшни врски, неверојатно е колку делата на други личности, и тоа одамна починати, можат да ти донесат поени во живот.

Некој можеби ќе каже дека така е и со Хрватите.

Не е проблемот во еден народ. Не е проблемот во некои народи. Не е проблемот во една религија, проблемот е во сите вас кметови. Вас стоици што ќе прочитате едвај пола книга годишно. Вас јадници кои едвај завршувате основно школо, одите на поправен испит по хемија, физика и математика, молејќи се да положите, а за пет години сите глумите доктори по науки што совршено се разбираат во ХААРП, вештачко оплодување и банкарски кризи.

Вие што не сте можеле да добиете повеќе од тројка по математика. Кои и денес не го разбирате периодичниот систем. Вие сте малоумни во својата бахатост.

Затоа што поддржувате партии што само крадат од буџетот

Не одите ни во театар затоа што ви се помили сапуниците со турски султани, изложбите не ве интересираат затоа што сте зависни од интернет-порнографија, а иднината не планирате да ја земете во свои раце, туку ја откривате на телефонските броеви на астро-програмите каде што му плаќате на црвениот маѓепсник со читање на тарот да ви ги зема тешко заработените пари што ги заработивте како виш асистент за зашеќерување кафе во државната канцеларија за рамни глави.

Вие сте стока.

Ама некој мисли дека може да се обедините и да ги смените работите. Гледајте само како бевме сложни кога беа поплавите, како си помагавме еден на друг, без разлика на народноста или верата. Сиромашните им помагаа на сиромашните.

Сериозно?

Сите вие заради сопствените газови или необразованата наивност гласавте за партии што со години не се грижат за заштитата од поплавите. Ова се истите партии што крадат од буџетот на министерството за здравје. Кои манипулираат и заработуваат на лековите и медицинската техника. Нивното однесување предизвика колапс на медицината. Предизвика мртви луѓе, луѓе чија крв е на вашите кметски раце, кои го дале гласот на тие партии. И сега вие примитивни убијци би сакале вас народот да ве жали. Да ве извади од дупката во која сте паднале, а под други ја копавте?

Вас само треба да ве затрупаат во таа јама.

Ви дадовме право на глас и што направивте?

Проблемот е што сите вие имате право на глас, а ни најмалку можности да го искористите. Сите вие би биле Матија Губец, ама јас и луѓе како мене веќе со генерации ги испраќаме таквите на бесилка. Затоа што сите вие сте валкани. Сите вие избегнувате даноци, не плаќате карти, подмитувате доктори и средувате преку врски. Вашата валканост е причина за вашиот срам, поради кој не се осудувате јавно да истапите. Затоа што ќе ве изместиме.

Имаме медиуми, имаме адвокатски канцеларии и градежни бизниси за перење пари. Ја контролираме полицијата, новинарите и политичарите и ќе го згазиме секој ваш обид за револуција.

Хрватска никогаш немала револуција. Само војни и буни. Само милитаристички пароли и селани со вили. За револуција треба нешто да се прочита, ама вас ве боли тоа шупливата глава од премногу текст. Менталитет на површноста поради кој сме нација што купува најмногу гуми за џвакање. Затоа што на кој му потребало миење заби, кога има мастика со вкус на јаболко и азбест.

Истовремено, Хрватите се колнат на домољубие и родољубие, а не знаат да набројат ниту национални паркови, ниту хрватски жупании. Никој не знае да наброи три песни од Ујевиќ или две дела на Марулиќ. Народната музика што ја слушате е од Мароко и Турција, а за Мештровиќ мислите дека е водител на Добро утро Хрватска.

Само најлошите останаа во земјава

Веројатно мислите и дека Плутон е планета, какви јадници сте вие.

Затоа патите, стоко кметска. Затоа што сите оние образовани што нешто вредат веќе одамна ја напуштија земјата, а остана само шлајм и малцинство (од кои дел сум и јас) кое го користи тој шлајм како ѓубриво за плодност на сопствениот капитал. Уште од прадедо ми ништо се нема сменето - останавте само багра.

Со почит,
Вашиот сопственик

-------------
Колумна на Борна Сор,
основач на Њуз Бар

14 ноември 2016 - 19:55