Колку пари се потрошени на спасување на Мет Дејмон?

Мет Дејмон во вселена, Мет Дејмон пак во вселена, Мет Дејмон во Втора светска војна, Мет Дејмон во иднина. Кај и да отиде, треба некого да праќаме да го спаси. Човеков седнал да пресмета колку чини сето тоа спасување.

Има две школи на сметање на трошокот за Мет Дејмон - според тоа колку би чинел вистински проект за негово спасување, и според тоа колкав е буџетот на филмот во кој тој е спасуван.

- Според цената на вистинскиот проект за негово спасува пресметката е следна:

Courage Under Fire (спасување со хеликоптер во првата Заливска војна): 300 илјади долари
Saving Private Ryan (група американски војници во Франција): 100 илјади долари
Titan AE (брод за евакуација на Земјата): 200 милијарди долари
Syriana (приватно обезбедување на Средниот Исток): 50 илјади долари
Green Zone (транспорт со американската армија од Средниот Исток): $50k
Elysium (обезбедување и оштетување на вселенска станица): 100 милиони долари
Interstellar (вселенскиот брод на Интерстелар): 500 милијарди долари
The Martian (мисија до Марс): 200 милијарди долари

ТОТАЛ: 900 милијарди долари и кусур

- Според филмски буџети пресметката е следна:

Courage under Fire: 46 милиони долари
Saving Private Ryan: 70 милиони долари
Titan AE: 75 милиони долари
Syriana: 50 милиони долари
Green Zone: 100 милиони долари
Elysium: 115 милиони долари
Interstellar: 165 милиони долари
The Martian: 108 милиони долари

ТОТАЛ: 729 милиони долари

виа Куора

Од тука никој не го спаси:

5 јануари 2016 - 13:37