Како Меси и Аргентина ја искористија Георгина за да го срушат Роналдо

Бравурозна QAnon-овска приказна за подмолната завера против еден од најдобрите играчи на сите времиња. Душманите на Роналдо го изведуваат својот пеколен план со помош на инсајдер од неговата спална соба. Учете како може да се направи педантна теорија на заговор од секоја можна ебана тема.

Сè започнува кога сопругата на Роналдо, тогаш госпоѓица Георгина Родригез, во 2014-та се вработува во Гучи.

Хинт: Гучи е спонзор на Меси од 2012-та.

После цели две години работење во продавница на Гучи во Валенсија, таа ненадејно, меѓутоа со прецизен тајминг, добива прекоманда за Мадрид, каде ќе ѝ треба само еден месец за да стигне до Роналдо. Се запознаваат во продавница на Гучи во Мадрид. Роналдо загризал. 

Почнале да излегуваат по ресторани. На фотографијата лево имате доказ како таа го тера да јаде нездрава храна за на тој начин да ја влоши неговата физичка подготвеност. 

Постојано му го одвлекува вниманието од фудбалот. Роналдо во едно интервју самиот обелодени дека пред натпревари спијат во различни соби, за да може да се наспие. Сериозно е, Роналдо признава дека сексот со Георгина е подобар од оној гол со ножички што му го даде на Буфон во финалето од Лигата на шампиони во 2017-ма.

Во следната фаза на големата конспирација, Георгина почнува да го изгладнува, не давајќи му пристојно да се најаде од 2019-та до 2020-та. Ете зошто падна неговата брзина и како тој почна помалку да трча. На сликата е очигледно дека е гладен, додека таа пакосно се смее. 

Иако знае дека Кристијано Роналдо се нервира поради тоа, таа често коментира на постови кај Меси. Му остава срценца, бе!

Меси плати и професионални танчери да играат со Георгина, за да го направи Роналдо љубоморен и дополнително да ја урниса неговата самодоверба.

Следува фотографија од 2020-та, каде таа се обидува да му пренесе корона (намерно е без маска!) и така да му ја доведе кариерата во прашање. 

Обожава да постира од Вегас, место што му буди лоши спомени на Роналдо. Класичен обид за манјдфак. Притоа знае дека не може да дојде со неа затоа што е на работа. 

Кога во 2016-та почнаа подготовките за Светското првенство 2022, Георгина почнува секој месец да зема приватен авион и да лета за Португалија. Со тоа, подмолно и систематски го влошува квалитетот на воздухот, отежнувајќи им на фудбалерите да го достигнат својот максимален потенцијал. 

Забележавте дека Роналдо почна да носи диоптер откако се фати со неа? Значи, му го уништи и видот. 

Аргентинката му го подриваше и неговиот португалски патриотизам.

Инсистираше таа лично да го потшиша пред почетокот на Светското, и така му ги одзеде баш оние неколку сантиметри што му фалеа, за голот на Бруно Фернандес да биде негов.

Видете само колку злобна фаца држи на сликата. 

Георгина во 2022-ра беше спонзорирана од Луи Витон, истата модна марка која ја направи футролата на пехарот кој отиде во рацете на Меси.

Кога Тен Хаг го оставаше да ја грее клупата во Манчестер, Георгина упорно се сликаше од клупа во теретана. 

Во интервју кај Пирс Морган, меѓу другото кажа и дека е алергичен на соја. Недела дена потоа, Георгина го објави нејзиниот документарец насловен Soy Georgina.

Додека Мароканците му ја вадеа душата фаулирајќи го насекаде по теренот, таа без око да ѝ трепне си ја подместуваше косата.

Каква безчуствителна жена!

Еднаш го натера да се маскира во духот од ламбата на Аладин, за да ѝ се фати магијата да биде „невидлив“ на теренот.

Кога Меси имаше освоено 7 Златни топки, таа му нареди седум свеќи на роденденската торта на Роналдо. Кутриот, не ни примети. 

Плус, неодамна постираше и слика каде што покажува двојка со прстите. Каде е тука цаката? Роналдо има дадено само два гола на клупско ниво годинава.

Уште една коиниденција? Наивни сте.

* извор

16 јануари 2023 - 13:34