10 професии што не постојат денес

Не се занаети, туку повеќе усжни дејности кои заради една или друга причина, одамна се укинати.

1. Местач на кегли
Обично ова се млади момчиња вработени од кугланите, за да ги местат кеглите по завршување на серијата.


2. Човечки аларм часовник
Ова се луѓе кои имаат часовници и се задолжени за будење на своите клиенти, најчесто за да не задоцнат на работа. Будењето е со тропање на прозорот од спалната со камчиња или долг стап.


3. Сечач на мраз
Пред постоењето на модерните фрижидери, овие сечачи оделе на замрзнатите езера и ваделе цели блокови мраз кои потоа луѓето ги користат за ладење на производи.


4. Слушач на непријателски авиони
Пред радарите, војската користи акустични огледала кои требало да го фокусираат и детектираат звукот на моторите од авионите кои се приближуваат.


5. Фаќач на глувци
Фаќачите обично се вработени низ Европа за контрола на популацијата на глувци. Главен ризик е да бидат гризнати или инфицирани од глодачите, ама значително помогнале во спречување на ширење на болестите.


6. Палач на фенери
Во времето кога нема градска мрежа со електрична енергија, а пак има градско осветлување, овие момци одат од бандера до бандера и ги палат фенерите.


7. Возач на балвани
Пред да има каква било инфраструктура или механизација, труповите од исечените дрва се пренесуваат преку реки. Возачите ја управуваат целата "пратка" се додека не стигне до пиланите.


8. Телефонски оператор


9. Воскреснител
Воскреснителите или "крадачите на лешови" се ангажирани во 19-от век со цел отстранување на лешови од гробовите за Универзитетите да можат да ги користат за предавање медицина и експериментирање.

10. Читач во фабрички хали
Самите фабрички работници ангажирале читачи кои ги забавувале во текот на работниот ден. Текстовите што ги читале се движат од романи до левичарски и синдикални публикации.

31 јануари 2015 - 17:20