Колку работни часови ти се потребни за да купиш Ајфон 13

Имаме една светска листа просеци за тоа кој колку часови треба да работи за да го поседува најновиот Ајфон. Нас нè нема на листата, ама ако сакате да се разочарате ќе може сами да си пресметате. Почетната цена на 13-ката (за основниот модел) се очекува да биде околу 830 евра.

Пример, октомври ќе има 22 работни денови, што по 8 работни часови на ден, излегуваат вкупно 176 работни часови. Ако земате плата од 30.000 денари чисти, тоа излегува дека еден час ви чини 170 денари (и нешто ситно).

Со просек од 170 денари на час сумата од 830 евра (51.045 денари по курс од 61,5) на новиот Ајфон 13ка ќе треба да посветите точно 300 работни часови од вашата кариера или 37 и пол работни денови.

30 септември 2021 - 15:43