А ова е твојот одмор во Русија

После цела година работа, одиш на одмор, дента рано стануваш за на плажа, фаќаш одлично место за пешкирот, се закотвуваш, кога одеднаш те облива непогрешиво чувство дека се наоѓаш на плажа во сопственост на руската армија.

Монструмот на видеото е најголемиот ховеркрафт на Земјата, рускиот Зубр, кој има капацитет да носи 3 тенка и нивната посада или десет оклопни возила за пренос на луѓе, со 140 војници во нив.

22 август 2013 - 14:23