Таг: ЗОИ 2018

На Олимпијадата се гледале и гледале порно филмови

„Чекај, дали сериозно ме прашуваш за порно? Па човеку, ние сме исти како и сите останати луѓе, имаме свои потреби“, се исповедал за USA Today еден од американските олимпијци. Тиндери, миндери, апликации за запознавање и лични контакти тријат раце од рејтинг.

Германците испиле 3.500 литри безалкохолно пиво на Олимпијадата

Сите германски спортисти во Пјонгчанг пијат безалкохолно пиво после тренинзите и натпреварите. Германија до денес освои 24 медали на Зимските Олимписки Игри од кои 12 се златни.

Јамајка остана без боб-санка за Олимпијада, но ги спасила пивара

На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.

Кројачот да ви ги врати парите

Дури и ако не гледате карлинг, овој спорт би можел да ви одземе внимание особено кога играат Норвежаните. Еден детал посебно ќе ви боде очи.

Плетење, финска олимписка мантра

Финска е една од земјите на кои не можеш да им го фатиш крајот, од една страна претседателот и премиерот имаат свои официјални сауни, од друга страна земјата има најголем број хеви-метал бендови по глава на жител во светот, додека во исто време експериментираат со задолжителен приход за секој човек, а во јазикот немаат идно време. На ЗОИ спортистите од оваа земја покажаа еден свој фетиш.

По колку калории јадат олимпијците на ЗОИ?

Ако се водиме по пресметката за исхрана, од олимписка норма ние ја имаме исполнето исхраната на нордиски скијач.

Фетишизацијата на Ким Јо Јонг

Атлантик ја нарекува „дипломатија на ниски очекувања“ а во неа овој пат победи Северна Кореја која откако со месеци се закануваше со уништување на својот близнак држава, само затоа што испрати спортисти и навивачки, доби позитивен публицитет „кој требаше да биде резервиран за Јужна Кореја, која ја организираше, ја плати и е домаќин на Олимпијадата.“

Првата Американка што направи троен-аксел на Олимпијада

Пред неколку дена се појави видео со малечката Мираи Нагасу, репрезентативка на САД во уметничко лизгање, која тренираше како ракетата на Илон Маск. Ретко кој претпоставувал дека неколку дена подоцна токму Мираи ќе стане првата Американка во историјата која го направи извонредниот трипл-аксел на ЗОИ.

Најомилениот пар во Холандија кој им донесе 6 олимписки злата

Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг уште не почнати, а репрезентацијата на Холандија веќе има најмногу медали. Имаат три злата, две сребра и две бронзи а најзаслужен за повеќето одличја е неверојатниот Свен Крамер.

Од Северна во Јужна Кореа дошле и навивачки кои прекрасно пеат

Најнеобична поддршка на ЗОИ во Пјонгчанг се 230 навивачки на Северна Кореа кои дошле на Игрите облечени во исти палта и црни шапки.

Минатата пролет едвај преживеал, сега освои бронза на Олимпијада

Канаѓанецот Марк Маркморис, по сопствено признание а и по признание на лекарите во Ванкувер, лани со една нога веќе бил во „белата населба“. Неколку месеци подоцна застанува на Олимпискиот пиедестал со бронзен медал околу вратот.

Македонско знаме се вее на Олимписките Игри во Кореа

Македонија на Зимските Олимписки Игри ќе ја претставуваат 17-годишната Викторија Тодоровска во нордиско скијање (10 километри), 19 годишниот Ставре Јада во нордиско скијање (15 километри и спринт) и Антонио Ристевски во алпско скијање (слалом и велеслалом - трето негово учество на Олимписки Игри). Македонското знаме го носеше Ставре Јада.

110.000 кондоми за атлетите - почнуваат Зимските Олимпски Игри

Денеска свечено ќе бидат отворени ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореа. Рекордни 2.925 спортисти од 92 земји ќе се борат за медалите на рекордно ниски температури од -20 степени.

Елон Маск во уметничко лизгање

Една од посериозните кандидати за медал на ЗОИ 2018 кои денес почнуваат во Јужна Кореа е и Американката Мираи Нагасу која тренираше троен аксел на необиечен начин.

Северна и Јужна Кореа на церемонијата отворање на ЗОИ под исто знаме

Двете Кореи се сретнаа по трет пат во десет дена за да го дискутираат учеството на Северна Кореа на Зимските Олимписки Игри кои следниот месец ќе се одржат во Јужна Кореа.

Руси на Олимпијада: Само „невини“ и под друго знаме

МОК соопшти дека откако нашол „незапамтена системска манипулација“ во анти-допинг системот, наредил серија суспензии за руските олимпијци. Дел од нив кои ќе сакаат да одат таму во „приватна режија“ ќе треба да ја докажат (не)виноста.