Таг: вработени

Нека јадат авокада!

По сите трендови, ИТ индустријата моментално ја зафати и најболниот - штедење, па вработените на Фејсбук веќе нема да можат да се перат на работа, укинати им се и 200-те долари за превоз, Илон што стигна скрати во Твитер, а Гугл во иднина ќе бара службените патувања да бидат службени.

Ние банкротиравме, а Амазон се фали колку биле дарежливи

Прво беше објавено дека Амазон ја зголемува минималната плата на 15 долари за час, за следниот ден да се надополни веста со информацијата дека во исто време се укинуваат бонусите што до тогаш ги добиваа најниско платените вработени. Ова не му посмета на Безос да ги прозива конкурентите да ја кренат минималната плата на своите вработени (овие пак му вратија со - а ти да почнеше данок да плаќаш).

Твитер акција: Акции за Твитер

Ко-основачот и актуелен шеф на Твитер реши една третина од своите акции да им подели на вработените. На оние што ја преживеаа последната чистка. 

Зошто треба порано да си одите од работа

Многумина компаниски пацови знаат да остануваат подолго на работа, само за да им остават впечаток на шефовите дека се убиваат од работа. Грешка.

Шеф, ама не и гатанка

Како што знаат сите авторитетни a паметни шефови (корпоративни или партиски, сеедно), еден од нивните најголеми проблеми се оние околу нив кои климаат со глава на секоја нивна забелешка. Проблемот во својата околина го открил и извршниот на ЛинкдИн и оттогаш на сите "евет ефендии" во фирмата "им црта" што сакал да каже.

Ќе ни плаќаат да бидеме здрави

Од следната година, администрацијата на Обама започнува со проект со кој парично ќе се охрабруваат вработените да бидат здрави. Оф корс, колку сме поздрави, тоа подобро и подолго ќе тегнеме. И со магарињата е исто.