Таг: војчех шчесни

Шчесни искрен и духовит за тешкотиите во Фиренца

На секогаш незгодното гостување на Артемио Франки, Јувентус се соочи со неверојатни 68% посед на топка на Фиорентина и дури 25 удари кон гол. Војчех Шчесни се поднасмеа под брк и даде ваква изјава: „Имавме тешки моменти околу 89 минути, кои сепак ни донесоа 3 бода“.

Вонсериска одбрана на Шчесни со која го спаси Јуве од пораз

Јувентус од тешкото гостување во Бергамо си замина дома со 0:0, резултат за кој најзаслужен е Шчесни. Муриел изведе речиси совршен слободен удар под статива, каде обично голманите не стигаат да ја фатат. Искусниот Пољак успеа да го скроти тој удар и ова е дефинитивно една од најјаките интервенции на сезоната. И коментаторите се воодушевија.

Кој пишал дека ќе има автогол, добро наплатил - веќе е израмнет рекорд на Европски

Германија првпат во историјата го изгуби првиот меч на едно Европско првенство и од старт си го отежнаа животот во најтешката група на турнирот. И тоа само поради автоголот на Матс Хумелс.

Ќе ми ја закопаше за малце а?

Федерико Бернардески не бил единствен кој направи циркузантска сцена на мечот против Болоња. Погледнете го царот Хуан Куадрадо на каков начин зема да исфрла топка од шеснаесетник. Да не беше врвниов рефлекс на Шчесни, тек тогаш ќе имаше смеење.

Има зошто Шчесни е прв голман на Јуве

Јувентус го совлада синоќа Лацио со 2:1 и на 4 кола до крај има +8 од Интер, што значи титулата е речиси решена. Гостите намалија преку Имобиле, а во финишот за влакно не израмнија. Голот го спаси Пољакот кој извонредно реагираше на слободниот удар на Милинковиќ Савиќ.

Војчех, кој последен се смее најслатко се смее

По 0-0 на полувреме, дербито Милан - Јуве донесе страшни втори 45 минути со дури 6 гола. Бјанконерите во краток временски период дадоа 2 за 0-2, ама Милан се врати и за 18 минути постигна 4 гола за конечни 4-2. При водство од два гола разлика, Полјакот Шчесни му вика на Ребиќ додека овој барал некоја судиска одлука: „Губиш 0-2, не се прави феномен“. Ребиќ последен се смееше зошто ги постави конечните 4-2 од пенал.

Цигарата во соблекувална која му ја смени кариерата на Шчесни

Денес Војчех Шчесни е еден од најдобрите голмани во Серија А и двократен шампион на Италија со Јувентус. А во 2015-та беше еден од вечно најкритикуваните голмани на Арсенал.

Правата причина зошто Арсенал кренал раце од Шчесни

Не е тоа дека го фатија како пуши цигари во соблекувална, ниту тоа што знаеше да направи по некој глуп кикс. Еве ја правата причина која била:

Шчесни напуштај го голот, на Пјаниќ малиот ќе брани

Ако Јувентус случајно има недостаток на талентирани голмани во младинската академија, тогаш нека внимаваат на син му на Миралем Пјаниќ. Секое дете не го прави ова или поточно ретко кое го прави. И после мама миа, е мама миа.

А на Шчесни одбранава ја видовте?

Осминафиналето меѓу Атлетико и Јуве беше многу содржајно. Покрај двата гола, имаше два пати ВАР, глумење, провоцирање, како и многу јаки шанси кои ги скротија голманите. Погледнете Шчесни што му фати на Гризман. Со прсти спречи водство на домаќинот во 53-та минута.

Две фасцинантни одбрани од синоќа во ЛШ

Кога се мисли на голман херој, тоа се однесува на интервенции од ваков тип кои на прва изгледаат невозможни. Му даваме предност на Давид Де Хеа кој на чудесен начин го спаси Манчестер Јунајтед можеби од пораз, а јако реагираше и Шчесни.

Јуве може да биде раат со ваков голман

Џиџи Буфон се збогуваше викендов со Јувентус, а на прес конференцијата кажа дека неговиот заменик вреди исто колку него. Шчесни спремен ли си прв голман на Јуве? Фаќај.

Топ 5 одбрани на Шчесни

Арсенал го купи Чех, а Шченсни го прати на позајмица во Рома. За сега доби 13 шанси кај Руди Гарсија и доволно мастрав за клубот да му направи листа со најдобри одбрани.

Девојката што му ја сместија на Шчесни

По фотографиите на кои голманот на Рома се појави со девојка која носи идиотски фустан, сите помислија дека таа му е партнерка, на што Полјакот напиша дека е цреп секој што помислил дека тој може да стартува ТАКВО нешто.

Шчесни ги научи правилата во Рим

Голот со кој Аталанта во 86 минута стигна до целосен пресврт против Лацио, не се славеше само во Бергамо, туку и на Олимпико. Навивачите на Рома славеа против Удинезе и се израдуваа што Лацио губи, а полскиот голман кој од оваа сезона брани за Римската волчица реагираше веднаш после нив. Кратко видео, ама доволно за најава на римското дерби кое се игра на 8 ноември.

Шчесни ја шета мачката

Во време кога добива конкуренција од Петр Чех на голот, полскиот голман во Арсенал Војчех Шчесни реши да го прошета омиленото животно.

Го фатија Шчесни со цигара и веќе не брани

Полскиот голман Војчех Шчесни во 2015. година само еднаш настапи како стартер за Арсенал, и тоа во купот. Неговото место го зема Колумбиецот Давид Оспина, кој му покажа на Полјакот дека досега немал конкуренција и затоа ноншалантно ги навлекувал ракавиците.

Божиќниот Арсенал

Шчесни, Фламини и Мертезакер се играчите на Арсенал што ја снимаа највата за Боксинг деј, празничното коло во Премиер лигата. Целата акција е дело на спортската телевизија БТ Спорт од Лондон, а триото „топџии“ открија кои им се омилени божиќни песни. Шчесни на снимањето додаде дека Лукас Подолски бил најголем плачко во екипата, затоа што се жалел дури и на празниците што доаѓаат.

Најсмешните и најпристрасните родители во спортот

Разно разни се реакциите на татковците и мајките кога нивното дете ќе оствари некој голем спортски успех или ќе добие критика од тренерот. Последниот пристрасен родител е таткото на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни кој го обвини Арсен Венгер за лошата форма на неговиот син.

Војчех Шчесни прослави со пиво на терен

Голманот на Арсенал, Војчех Шчесни, исклучувањето на Марио Балотели и победата над Манчестер Сити ја прослави со пиво на терен.