Таг: свастика

На Тајмс им излезе свастика на крстозбор

Еден од неодамнешните крстозбори на Тајмс имаше почетна графика која неодоливо потсетува на најпознатиот нацистички симбол. За да биде симболиката поголема, крстозборот е објавен не првиот ден од големиот еврејски празник Ханука.

Зошто јапонските тинејџери ја користат свастиката на социјалните мрежи?

Ја препознаваме како симбол на нацизмот и антисемитизмот, но свастиката е широко присутна во древните религии, вклучително и во делови на Азија, каде означува „среќа“ или „милосрдие“. Од пред некоја година младите Јапонци го актуелизираат симболот, веројатно несвесни за бремето коешто тој го носи.

4чан тргна да им го одмилува хаштагот на Американците

Во време кога Вегета знакот дотера до таму да биде толкуван како расистички симбол (па сега човек треба да пази и џоинт како пуши да не излезе дека е расист), троловите од расадникот на тролови 4чан решија да почнат со кампања за претворање на хаштагот во обележје на расистичкиот дел од Америка.

Тие го исцртаа кукастиот крст во Сплит

Еден месец по скандалот на мечот Хрватска - Италија во Сплит, на стадионот Пољуд се покри делот од теренот каде имаше исцртан фашистички кукаст крст, а сплитската полиција објави видео на кое се гледаат сторителите на ова дело. Хрватска во четврток ќе ја дознае казната од УЕФА, а им се заканува и исфрлање од ЕП2016 во Франција.