Таг: супермаркети

Оган и пламен и швајцарски супермаркети

Градот е Интерлакен, кој не е ни приближен со цени како пеколните Женева и Цирих, маркетот е Мигрос. А таму: малините се 366 денари 250 грама, хумусот 220 денари мало пакетче, 150 грама миена марула e 140 денари, и не нешто посебно скапо авокадо од околу 100 денари парче. Кога ќе излезат од пиљарата ги чекаат цени како 667 денари за пиле од 1,3 кг.

Учиме холандски

Во холандските супермеркети се појави една црвена етикета до цените на производите, со директно куражење на холандските купувачи:

„Скапо? Заќути! Слава на Украина.“

Американците видоа празни рафтови

Како збир на повеќе фактори американските купувачи станаа сведоци на егзотични глетки карактеристични за држави од „третиот свет“ во кои цели рафтови, фрижидери и секции од супермаркетите се испразнети како за селење.

На Алибаба им досади он-лајнот, па се зафатија со отворање физички продавници

Не е јасно дали ова го прават заради пари, или за да пробуваат нови играчки и технологии, или затоа што сакаат секаде да те следат, важно покрај стотици милиони он-лајн корисници Алибаба до сега има отворено речиси 90 супермаркети низ Кина. И одлично им оди.

Најшармантниот шопинг во супермаркет (и готвење) што денес ќе го изгледате

Главен лик е Џеф Голдблум, и целата работа е составеа од една голема реклама за ланец супермаркети, ама со Џеф Голдблум, по што следува готвење со Брајс Хауард, девојката од Светот Јура што мислите дека е Џесика Честејн.

Како може Лидл сред Америка да е поевтин од Волмарт

На 15-ти јуни Лидл ги отвори своите први маркети во САД. Независната анализа на потрошувачка кошничка со 20 продукти покажа дека Лидл е 9% поевтин од Волмарт, најголемиот ланец супермаркети во земјата. Компанијата тврди дека на одредени производи има и до 50% поевтини цени од конкуренцијата.

Војната за рафтот во твојот супермаркет

Бројките се американски, праксата не е исклучиво американска или и кај нас локално непозната.

Не суди по амбалажи

Моментално проблемот со прехранувањето на светската популација не е дека не се произведува доволно храна, туку што премногу голем дел од произведеното се фрла. Некогаш и само заради тоа што нешто изгледа грдо.

Психолошки трикови на супермаркетите

Со оглед на парите кои се вртат внатре, не е чудно што големите супермаркети се едни од најпедантно истражуваните простори на човечко однесување. Продавачот животно е заинтересиран за психологијата на својот купувач и притоа кумулирал низа трикчиња со кои му олеснува да си ги потроши парите.

Комшија, цена ко за тебе

Следниот чекор во светот на супермаркетите ќе бидат цени правени за секој купувач посебно. Каса за секој купувач, уште никој не планира.

Економија по список

Вол Стрит Журнал дојде до домаќинска математика која дедо ви ја знае од пред 50 години.