Таг: сп 2023

Ужичко оро среде Филипини, уште Јокиќ им фали

Србите квалитетно и надмоќно ја надиграа и совладаа Литванија на Светското во кошарка. Убав повод за тоа да се прослави на традиционален начин во далечниот азиски крај.

Богдановиќ: Цел турнир е за Бориша, не спиевме поради него

Избраниците на Пешиќ добиле порака пред мечот со Литванија на која се израдувале и која им дала дополнителна сила за да растурат во четвртфинале.

Србија ја потопи Литванија и завери полуфинале

Момците на Светислав Пешиќ ја прегазија Литванија и се изборија за место во топ 4 на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Американско виткање на обрачи, жртва Јордан

Селекцијата на САД се прошета во Ц групата на кошаркарскиот Мундијал. +27 против Нов Зеланд, +28 против Грција и +48 против Јордан. Забиваа колку што сакаа и од каде сакаа. Првиот стрелец на денешниот меч со 22 поени, беше една од главните ѕвезди во тимот, Ентони Едвардс кој нема милост кога треба да се крене под кош.

Богдановиќ го растури Јужен Судан со тројки и атрактивни асистенции

Селекцијата на Србија бележи перфектен старт во групната фаза на Светското во кошарка со 3 од 3 над Кина, Пуерто Рико, а денеска и против Јужен Судан кој го добија со 115:83 за пласман на првото место го групата. Богдан Богдановиќ е во елемент. Мечот го заврши со 23 поени, 9 асистенции и 3 украдени топки. Поефикасен од него беше само Јовиќ со 25 поени.

Пречек во Копенхаген за данските херои

Ракометарите на Данска постигнаа хет-трик во освојување Светски титули (2019, 2021, 2023), подвиг кој не му успеал на никој во историјата. Ако некој треба да слави на плоштад, тоа се тие.

Необјасниво аматерската грешка на Норвежаните поради која останаа без полуфинале

Шпанија, Данска, Франција и Шведска се селекциите кои ќе се борат за медали на Светското ракометно првенство. Норвежаните направија кикс од невидени размери и им подарија победа на Шпанците кои израмнија во последна секунда и потоа славеа во продолженија 35:34.

Како стојат ракометарите со плати?

Добро познато е дека парите во ракометот се ситнеж во споредба со фудбалот, ама пркнале во споредба со лани. Ако до пред неколку години милион евра беше плафон за годишна плата, сега е скоро два.

Селекторот на Хрватска изрежира циркуз пред камера

Хрватска го совлада Бахреин со 43:32, но заврши трета во група и не избори пласман во четвртфинале. Селекторот Хрвоје Хорват го изведе најчудното интервју на Светските ракометни првенства. Покажуваше срце и глумеше дека е нем. Хрватите бараат оставка.

Вујо за Гидсел: Срам да ти е копиљ еден, кога Дувњак ќе ти подаде рака месец дена нема да ја миеш

Данска и Хрватска ремизираа 32:32 во првото коло од втората групна фаза на Мундијалот. Матијас Гидсел кој очигледно е терсене лик, им го навлече гневот на хрватските коментатори, а уште повеќе на Веселин Вујовиќ.

Најубавата страна за нас на ова Светско

Ниту гледаат километража, ниту прогноза за времето. Јануари за нив е ракометен празник на кој се патува каде и да игра Македонија.

Мундијалот на ракометарите во 16 секунди

Ако треба да избереме една акција која ја отсликува организацијата на македонската ракометна репрезентација во напад и одбрана, тогаш ова е таа.

Навивачите па се срчнаа меѓу себе на трибини

СП 2023 во Полска и Шведска нека биде за заборав. Ракометарите доживеаа дебакл на сите три меча, а на срамот им се приклучија и неколку навивачи.

Лазаров: Верував во порази ама не вака со двоцифрена разлика

Македонската ракометна репрезентација за прв пат ги губи сите три натпревари на Светско, а за загриженоста да биде поголема со три порази го завршивме и Европското минатиот јануари. Кире Лазаров смета дека можеби ова е нашата реалност.

Очобол дечки и тешка бламажа

Ниту некаква идеја видовме во напад, ниту барем малку цврстина во одбрана, а и голманите ги немаше. Ништо. За впечатокот да биде целосно катастрофален, немаше ниту жар, борбеност и срце на терен. Тежок мундијалски промашај. Штета и срамота.

Начевски и Николов уште во 1 минута доделија црвен со ВАР

Најдобрите македонски судии во третото коло на Мундијалот беа задолжени за мечот Португалија - Унгарија кој заврши 27:20. По само 45 секунди игра им се отвори многу работа поради грубиот старт на Унгарецот, Адријан Сипос.

Вујо не е Вујо ако не направи шоу на тајм аут

По Југославија, Црна Гора, Македонија и Словенија, темпераментниот Црногорец од лани е селектор на Иран. На мечот против Чиле кој го добија со 25:24 свика тајм аут за да искара еден од играчите, дека се занесува како да е една многу добро позната шведска легенда.

Доминација на македонските навивачи во Краков

Нема ракометно првенство во јануари кое може да помине без верната македонска публика, која секогаш е во фокусот на камерите и фоторепортерите. „Таурон Арената“ крцаше со нив, а за атмосфера која ја прават пишуваше и организаторот Полска, кој ја нарече фантастична.

Македонија со пораз го почна ракометниот Мундијал

Селекцијата на Норвешка како фаворит број 1 во нашата група и еден од главните фаворити за медал, му нанесе висок пораз на нашиот национален тим.

Голманот на Саудиска Арабија наседна на опасен лажњак од пенал

Падна и првата атракција на Светското во Шведска и Полска, благодарение на словенечниот ракометар, Алекс Влах. Словенија ја декласираше Саудиска Арабија со 33:19, а Влах успеа на газ да го седне голманот.

Македонија ги дозна двете пречки до Мундијалот, првата е Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со стари познаници во обидот да се пласира на следното Светско првенство 2023 и да ја продолжи низата настапи на големите натпреварувања.