Таг: сочи

Мечот за кој се зборува во Русија, клинци против сениори

Хит во Русија во петокот беше дуелот меѓу Сочи и Ростов. Гостинот пред неколку дена имал 6 играчи позитивни на коронавирус, па сите комплет со се тренери биле пратени во изолација но клубот решил да играат клинци.

Велемајсторија на Кристијан во стилот на Пандев

Кристијан Нобоа е искусен 34 годишен Еквадорец кој настапува за Сочи. Па впрочем само стара коска умее вака да го наштелува шутот кога ќе го сети голманот дека не е на свое место. Преубаво.

Не можам сега, ќе одам на гостување 10.000 километри

Минатото коло во руската втора фудбалска лига се сретнале Сочи и Луч Владивосток, екипи чија оддалеченост на градовите од кои доаѓаат е 10.051 километри. Кога го слушаш ова Скопје-Белград или Скопје-Софија ти доаѓа како одење во супермаркет.

Хамилтон славеше во Сочи, Путин му го врачи трофејот

Раното повлекување на Нико Розберг од трката, му овозможи на Британецот Луис Хамилтон по деветти пат да триумфира во 2015-та година, овој пат на 15-та овосезонска трка во Ф1 шампионатот која се одржа во Русија.

Фрустрирани џихадисти се молат за земјотрес во Сочи

Прво се чаталеа дека ќе го растураат Сочи и Олимпијадата со незапамтени крвопролевања. Видоа дека тоа баш не проаѓа како што го замислиле, па сега се свртеа на молитви Господ да прати земјотрес.  

Кончаловски за руската црква, Олимпијадата и клозетите

Андреј Кончаловски (75), славниот руски сценарист и режисер („Полудениот воз", „Танго и Кеш" и ко-сценарист со Тарковски на „Рубљов"), брат на Сергеј Михалков, неодамна објави текст под наслов „Во каков Бог верува рускиот човек?" и влезе во интересна полемика со Руската православна црква.