Таг: славен билиќ

Тројна синхронизација на денот

Комичен момент за најсмешно видео инсерти во кој Жозе и помошникот мафтаат па седнуваат во исто време, тајминг во кој случајно се поклопи и Славен Билиќ.

Царот Славен Билиќ: „Фудбалот е за народни маси, не е голф и не е поло“

Деновиве во Британија на големо се дебатира околу планот на најбогатите клубови да ја намалат Премиер лига, па се зборува и за нова, астрономски скапа Европска Лига во која би играле само најголемите и би го делеле колачот меѓу нив.

Славен Билиќ искрено за големиот Јирген Клоп

Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.

Славен Билиќ за фасцинантната култура на одење на стадион во Британија

Најдобриот хрватски тренер кој во кариерата седеше на клупата на Хрватска, на Локомотив Москва, Бешикташ и Вест Хем, сега го предводи Вест Бром. За свој сонародник кој му дошол на гости кажува како во Англија се гледа на фудбалот.

Сезоната на Вест Хем во 14 секунди

Ако лани беа најголемо изненадување во Европа после Лестер, сезонава играат фудбал кој сигурно ги носи во втората лига. Испаднаа од квалификациите за Лига Европа, а во Премиер лигата досега имаат пет порази (четири по ред) со 16 примени гола. Накратко еве како изгледа нивната сезона досега.

Од спасител во аквапарк до англиската репрезентација

По ашкањето на позајмици во разни клубови, Антонио дојде во Вест Хем каде за неговата позиција конкурираа шест фудбалери. Во еден момент сите шестмина биле казнети и повредени, и тој доби шанса од Славен Билиќ, ја искористи и доби повик од Биг Сем во Англија.

Навивачите на Вест Хем непомирливи со поразот

Вест Хем втора година по ред испадна од Лига Европа од просечниот романски тим Астра Ѓурѓу. За парадоксот да биде поголем тренерот на овој клуб е суспендиран поради кладење, претседателот им е во затвор, тие се 11-ти во Романија, а клубот немал скршена пара за трансфери. И да, голот им го даде 35-годишен фудбалер.

Како Билиќ го работеше Матеус во студио

Колку неговите доминираат на теренот, толку Билиќ се забавува во телевизските студија. Најпрвин маестрално го прослави голот на Димитри Паје, а сега го потсети Матеус колку загубиле од Хрватска на СП 1998.

Како Славен Билиќ го прослави голот на Паје

Најзаслужниот за развојот на Паје во еден од најдобрите европски фудбалери е тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ кај кого Французинот блескаше сезонава. Хрватскиот стратег искрено се израдува на неговиот гол против Албанија. „Му пратив порака: Најдобар си.“ изјави Билиќ во студиото.

Билиќ: Ни Фергусон, ни Анчелоти, Жељко е најдобар во Европа

Најдобриот хрватски тренер Славен Билиќ кој имаше фантастична сезона со Вест Хем во Премиер лигата, изјави дека во фудбалот нема тренер кој што му е до колена на Жељко Обрадовиќ.

Со каков стадион се прости Вест Хем

По 112 години емоции, Вест Хем синоќа се прости од Болејн Граунд, стадионот кој многу значи за источен Лондон. „Чеканите" ќе играат на модерниот Олимписки стадион кого го изнајмија на 99 години.

И старите хулигани на Вест Хем ќе жалат по Аптон Парк

Во март 2013. година, Вест Хем Јунајтед на неверојатни 99 години го изнајми Олимпискиот Стадион во населбата Стратфорд во источен Лондон. На 10. мај, Чеканите ќе го играат последниот меч на саканиот Аптон Парк.

Секс, Вест Хем и Рокенрол

Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.

Гардероберот со незгоден карактер кој стана лидер на Вест Хем

Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?

Твитер гафот на Вест Хем

Претседателот на Чеканите, Дејвид Голд на Твитер објави дека Вест Хем го ангажирал Обианг од Сампдорија, но постираше фотографија од дефанзивецот на Јувентус, Анџело Огбона.

Муарем на Меаца, Адеми во Глазгов против Селтик

По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ.