Таг: шапекоензе

Градот Шапеко се прости од милениците

Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.

Колумбиските навивачи оддадоа почит до Шапекоензе

Со многу запалени свеќи, со балони, чадори и шалови во зелено-бела боја, навивачите на Атлетико Национал "Los Del Sur“, тимот кој требаше да му биде противник на Шапекоензе во финалето синоќа оддадоа почит до загинатите бразилски фудбалери. Во меѓувреме колумбискиот тим официјално се откажа од титулата во Копа Судамерикана и побара од КОНМЕБОЛ да му ја врачи на Шапекоензе.

Навивачите на Шапекоензе се молат пред стадион

Фудбалскиот свет е во шок. Пораките за изразување сочуство одат во Бразил кај семејствата на играчите на бразилскиот прволигаш. Според последните информации еден од четворицата фудбалери кои ја преживеаа авионската несреќа починал во болница. 

Кој е бразилскиот клуб кој имаше авионска несреќа?

Шапекоензе е клуб којшто неверојатно напредувал во последните седум години и од бразилската четврта лига стигнал до финалето на едно од најголемите натпреварувања во светот на фудбалот, Копа Судамерикана. За жал, бајката на оваа симпатична екипа заврши трагично.

Последното славје на загинатите Бразилци

Шапекоензе на 23 ноември испиша фудбалска историја откако во двомеч го мина Сан Лоренцо и за прв пат се пласираше во финалето на Копа Судамерикана (пандан на Лига Европа). Дома одигра 0:0, а на гости 1:1. Немаат титула во бразилската прва лига каде се пласираа во 2014-та, по пауза од 35 години.