Таг: шахтар доњецк

Навивачите на Феенорд му платиле на газдата на украинскиот паб

Лига на шампиони и Лига Европа се фронт за навивачите, па скоро и да не пројде вторник, среда, четврток а некаде на континентот да нема сцени на насилство. Така беше во Украина кога група украински навивачи нападнале Холанѓани во пабот Wall во Харков. Интересно, холандските навивачи решиле да компензираат за направената штета во кафичот и му платиле пари на сопственикот. Полицијата привела 52 хулигани на Шахтјор.

Насри и Забалета го замолкнаа Олимпико, Рома испадна од ЛШ

Заврши вечерта на одлука и познати се сите учесници во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите. Од следната година ќе ги гледаме Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Челси, Порто, Барселона, Базел, Јувентус, Баер Леверкузен, Арсенал, Шахтјор, ПСЖ, Манчестер Сити и Шалке.

Гранатиран стадионот на Шахтјор

Борбите меѓу про – руските и украинските формации не ги одминаа ниту спортските борилишта. Утринава сериозно е оштетена Донбас Арената во Доњецк.

Супер купот на Украина без уплашените фудбалери

Газдата на Шахтар изјави дека неговите играчи нема од што да се плашат за да се вратат во својот клуб, а потоа се закани дека ќе следат казни доколку не ги почитуваат договорите, но тие се уште не сакаат да фатат авион за Доњецк и покрај важноста на натпреварот.

За малку ќе го заборавеле стрелецот Велбек во Манчестер

Слично како во филмот „Сам дома", Манчестер Јунајтед си заминале од тренинг базата и тргнале на пат кон Украина без Дени Велбек, фудбалерот кој го постигна единствениот погодок на гостувањето кај Шахтар.

Бразилска самба во Шахтар Доњецк

Успесите на осумкратниот украински шампион предводен од романскиот стратег Мирчеа Луческу не се воопшто случајни. Во интернационалниот состав финансиран од најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов има плејада на бразилски фудбалери кои се речиси половина тим.

Роналдо го замолче „Олд Трафорд“, Реал е четвртфиналист

Големата фудбалска претстава во „Театарот на соништата" му припадна на Кралскиот тим кој со 2:1 го елиминираше Манчестер Јунајтед. На вториот дуел Борусија Дортмунд рутинирано си ја заврши работата против Шахтар со убедливи 3:0.

Манчестер и Реал пред големо искушение

По првите 1:1 во Мадрид, најинтересната битка во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се решава на „Олд Трафорд". Во поповолна ситуација е Борусија Дортмунд по првите 2:2 во Украина против големото освежување оваа сезона, тимот на Шахтар.

Дербито во Мадрид без победник

Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.