Таг: роналдо

Дали веќе ја имаме фотографијата на Мундијалот?

Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.

Ни обезбедување на аеродром не ги сопира Роналдо и Ромарио

Направете ни реклама на која ќе бидат прикажани во вистинско светло бразилските фудбалери, им рекле од Најк на продуцентите кои требале да ja смислат. И така се родило едно од мајсторските видеа со мајстори во него. Дечки знаете што? За точно 1 месец почнува светско.

Роналдо де Лима на Дерби дела Мадонина

Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.

Ова што го направи Роналдо не се учи на тренинг

Според некои мислења тој е најдобриот на сите времиња, но и да не е така, Роналдо со својата уникатна игра си го заработи епитетот „Ил Феномено“. Погледнете го овие цик цак потези со извонредна техника и еластичност со која исфрли од игра двајца играчи. Се работи за финалето меѓу Интер и Лацио (3:0) во Купот на УЕФА 1998-ма, на кое Роналдо има само 21 година. Ваков танц со топка не може секој.

Не се раѓаат повторно вакви легенди

Роналдо, Роналдињо, Робињо, Кака, Адријано, Роберто Карлос...Колку тоа звучи бразилски. Овој епски состав играше самба и во соблекувална и на терен. Одиме.

Дебито на Роналдо за Реал Мадрид

Направи трансфер од Интер во Реал за сума од 46 милиони евра и уште првиот ден ги сруши сите рекорди во продажбата на дресови. Во тоа време тој беше опсесија за навивачите и дојде како тазе светски првак со Бразил. Влезе во Галактикос ерата сосставена од Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Карлос и за 5 сезони постигна 104 гола. Дебитираше на денешен ден пред точно 15 години со два гола против Алавес. 

15 години од незаборавниот Мундијал на триото Роналдо - Ривалдо - Роналдињо

Селекциите на некои земји од Светските првенства едноставно не се забораваат. Таква беше онаа на Бразил, силна, славна и култна која те мами да навиваш за нив. Покрај популарните тројца во напад ги имаа Кафу, Лусио, Жилберто Силва, Дида, Кака. Генерација на која секогаш ќе се навраќаме.

Најголемите 10 неверства во фудбалот

Во Италија ги нарекуваат измамници бидејќи парите им се пред љубовта кон дресот. Најтазе е случајот со Донарума, но низ историјата на фудбалот ги има многу, а најмногу боли кога одат кај градскиот ривал. Тоа е, не се сите Тоти, Малдини, Ѕанети, Гигс, Сколс...

Фиго мајсториште на 44 години, Роналдо е преку 100 кила

Легендите на Реал Мадрид и Рома одиграа химанитарен натпревар на Сантијаго Бернабеу. Луис Фиго и Мориентес се во форма форма, а Ил Феномено едвај се движеше од дебелина.

Крвавиот хет-трик на Роналдо

Имал 16 години, го решил мечот со хет-трик, ама за секој гол попил по една. Мистериозната приказна за ќотекот ја раскажува самиот Роналдо.

15 години од солзите на Роналдо кој остана без Скудето во кариерата

Секој 5 мај им доаѓа како мелем на душата на навивачите на Јувентус, а истовремено им прави гнев на навивачите на Интер кои никако не можеа да го апсорбираат ужасот кој им се случи во последното коло од сезоната во Серија А.

Денот кога цел Олимпико беше скиснат поради Роналдо

12 април 2000-та е можеби најболниот ден во кариерата на Ил Феномено. Се играше првиот меч од финалето во Купот на Италија меѓу Лацио и Интер, а Роналдо влезе во игра по пауза од 5 месеци откако му беше оперирано коленото. По само 7 минути игра нова повреда, овој пат хорор.

Топ 5 ситуации еден на еден со голман

Карлос Вела, Хернан Креспо, Давид Виља и Роналдо во епизодата дојде да ти докажам дека немаш шанси со мене еден на еден.

Колку само кичми скршија овие две легенди со тој потег

Дриблингот на Кристијано Роналдо против Еспањол беше инспирација некој да седне и да направи компилација од потези со тоа типично изместување на играч, својствено за Роналдо и Роналдињо. Колку само моќно изгледа видеово со двајцата цареви.

Приказната за совршениот Роналдо во Барселона поради кој отпаднале Зидан и Ширер

Беше физичко совршенство и беше како митска фигура. Го сакам Лионел Меси, сум играл многу пати против Роналдо и го обожувам, Нејмар е извонреден, Роналдињо беше исклучителен. Но кога сите овие ќе ги ставиш заедно, може да ја добиеш таа сезона на Роналдо, вели Форчун од Ман.Јунајтед.

Барбара од Барселона даде гол во стилот на Меси и Роналдо

Фудбалерката на Барселона, Барбара Латоре исфрли од игра половина тим и постигна гол кој го твитна и Пике кој напиша дека го потсетува на едни два легендарни голови на Меси и Роналдо.

Сите 29 одбранети пенали на Буфон во кариерата

Џанлуиџи Буфон е единствениот голман кој два пати му одбранил пенал на Бразилецот Роналдо. Џиџи ги скротувал пеналите и на Тоти, Фиго, Муту. Последен кој се уплаши од Буфон од белата точка беше младиот Французин Александар Лаказет од Лион.

Голот на Роналдо за кој Боби Робсон се држеше за глава

Англискиот стратег Боби Робсон кој почина пред 7 години и беше тренер на Барселона во сезоната 1996/1997 и имаше во тим 20 годишен напаѓач по име Роналдо кој на 37 меча во Ла Лига постигна 34 гола. Ова е еден од тие, постигнат пред точно 20 години.

Роналдо дај кажи кога ти е роденден бидејќи ти го промашивме

На бразилската фудбалска легенда денеска многу медиуми му посветија простор за да му го честитаат јубилејниот 40-ти роденден, а други тоа го направија во неделата на 18-ти. И сега настана конфузија дали Роналдо е роден на 18-ти или 22-ри септември? Дилемата е решена.

Никој како „Феноменот“ на млади години

Се појави една листа на најдобри стрелци во фудбалот, но кога имале под 23 години. Првото место изгледа недостижно.

Висенте Дел Боске - Маркизот на шпанскиот фудбал

Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.

Каква понуда добил Роналдо пред 19 години

Роналдо нема освоено Лига на шампиони во кариерата и прашање е дали ќе освоеше ако ја прифатеше оваа понуда.

Роналдо: Сакав многу да се вратам во Интер, но го одбраа Адријано

Бобо Виери го раскажа денот пред заминувањето на Роналдо од Интер, а „Феноменот“ викендов беше во Милано, гледаше Интер – Сампдорија, беше исвиркан, а новинарите го навратија на времето кога се врати во Милано, но не во Интер.