Таг: реклами

ТЕД: 10-те реклами што вредат да бидат споделени

Секоја година ТЕД прави список на реклами за кои тие веруваат дека заслужуваат и вредат да бидат споделени. Не им е важна гледаноста, не им е важна компанијата, важно им е дали вредат луѓето да ги изгледаат.

Преку нив мртви

Воскреснати заради рекламни цели, славните ни криви ни должни постхумно се изманипулирани. Ваквата пракса поставува низа законски, но и етички прашања. На пример, чии се овие луѓе?

Реклами со порака

Во продолжение на нашата подрубрика за женски прашања, право на лакирање нокти и слобода на мрчење, неколку примери на користење на женското тело во реклами, од глупо, грдо, до грозно и катастрофално. Не е потребно да знаете што е „семиологија" за да ги сфатите.

Вејтс за музичарите кои прават реклами

Во 2002., откако прочитал текст од Џон Дезмор, тапанарот на „Дорс", кој зборува за отстапувањето на авторска музика за реклами, Том Вејтс кој претходно успешно се судел со компанијата Фрито леј за 2 милиони долари (подоцна и со Левис, Ауди и др.) го напишал следново писмо до The Nation.

10-те најдобри реклами на 2012.

Кои беа најубавите, најзабавните, најмоќните, најинтригантните реклами на годината. Од вкупно десет, седум се американски. Од вкупно десет, пет се на BBH и Wieden + Kennedy.

Пишувачите на реклами што не знаат да пишуваат

Денес главниот проблем на рекламите е што не "палат" како некогаш, а главниот проблем зад ова е што повеќе и нема луѓе кои знаат да пишуваат за реклами.

Купувачи од сите земји, освестете се!

„Последниот капиталист кој ќе го обесиме ќе биде оној кој ни го продал јажето" - преку парафраза на овој Марксов цитат уличниот уметник Ајсо (Eyesaw) го изразува протестот кон сè поагресивната рекламна индустрија.

Многу се напред овие

"Мармалад" е германска компанија што се интересира чисто за специјални ефекти во реклами. Не филмови, не серии, не спотови, туку само реклами и  ефекти за нив. Дечкиве се спектакл.

Фина е креативноста, ама сексот е подобар

Ако нешто е константно во светот на рекламите тоа е сексот, како по застапеноста, така и по успехот да продаде нешто. И така е барем во последниве 30 години.

Патики кои помагаат за растење рогови

Познаваме и ние луѓе кои прснаа фина паричка за вакви патики чиј глуп изглед наводно се компензираше со бројните ќарови за здравјето, линијата и мускулите. Е, па, превара.

Реклами без извини

Додека една реклама стигне до публиката, треба да ја пројде агенцијата, луѓето од маркетинг, директорот... За ова време таа станува незабавна, конфекциска и "безбедна." Сепак, некогаш "рекламџиите" сакаат да си го направат меракот.

Сериозно навредливи реклами

The Chip Shop Awards е избор на најкреативната реклама на годината. Без разлика дали е прифатена од брендот за кој е правена, без разлика колку е навредлива, без разлика на се. Важна е само идејата.

Кога Дејвид Линч прави реклама

Федерико Фелини, Ридли Скот, Спајк Џонз... долга е листата на угледни филмски режисери кои се пробале во светот на ТВ адевртајзингот. Овојпат го одбираме Дејвид Линч затоа што е лесно во неговите реклами да се најде она што ги поврзува: лудило.